Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Драгана Кипријановска, денес се сретна со заменик министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој престојува во посета на Република Македонија, по повод официјалното отворање на Унгарска Трговска Куќа во Скопје.

Slika 1

На средбата взаемно беше констатирано дека Македонија и Унгарија имаат одлични односи и плодна соработка и дека двете земји остануваат посветени на јакнењето на меѓусебните односи и продлабочувањето на соработката, посебно на соработката во сферата на економијата. Заменик министерот Кипријановска го поздрави отворањето на Унгарската Трговска Куќа во Скопје и посочи дека тоа претставува уште еден чекор во насока на стимулирање на бизнис контактите и приближување на бизнис заедниците од двете земји.

Slika 2

Кипријановска и Сијарто исто така се осврнаа на европската и евроатлантската интеграција на Македонија, при што од македонска страна беше искажано високо уважување за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија во овој контекст. “Најефикасната развојна перспектива за нашата држава ја гледаме во интеграцијата во ЕУ и НАТО. Колку долго ќе трае процесот на зачленување во овие организации не знаеме. Она што го знаеме е дека остануваме посветени на исполнувањето на неопходните критериуми, на спроведувањето на реформите, на јакнењето на добрососедските односи и на соработката со сите земји членки“, истакна Кипријановска.

Конзуларни услуги