Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес упати писма со изрази на искрено и длабоко сочуство до своите колеги од земјите на жртвите инволвирани во авионската катастрофа на Малезија Ерлајнс од 17 јули 2014 година.

 

Во писмата, Министерот наведува дека Република Македонија силно ги подржува напорите на меѓународната заедница за најитно откривање на причините за уривањето на авионот и целосно расветлување на случајот.

Конзуларни услуги