Соопштенија

Поради нарушување на безбедносната состојба, ракетните напади од појасот Газа кон делови на Израел и операцијата на израелската војска која е во тек, се препорачува на граѓаните на Република Македонија да се воздржат од патување во подрачјата во близина на 50 км од појасот Газа.

Со оглед на сигналите за воздушна опасност во Тел Авив и Ерусалим, им препорачуваме на нашите граѓани зголемена претпазливост, претходно информирање и стриктно придржување до упатствата и инструкциите на локалните власти. Исто така се препорачува внимателност при задржување на места со поголема концентрација на луѓе.

Поради воените дејствија во Сирија се препорачува претпазливост и при патување во пограничните делови на Израел кон границата со Сирија и Либан.

Конзуларни услуги