Соопштенија

Ваша Екселенцијо,

Почитуван Колега,

Веста за страшната несреќа која утрово се случи во московското метро, и во која животите ги изгубија најмалку дваесеттина лица ја примив со длабока вознемираност и тага, поради што Ве молам да ги примите изразите на искрено сочувство за изгубените животи. Сигурен сум дека надлежните власти ќе ги преземат потребните мерки за што побрзо санирање на настанатите штети и последици.

Ве молам, почитуван Колега, изразите на најдлабоко сочувство да ги пренесете на роднините и блиските на загинатите, а на повредените искрените желби за што поскоро и успешно опоравување.

                                                                                                   Никола ПОПОСКИ

Н.Е. СЕРГЕЈ ЛАВРОВ

Министер за надворешни работи на Руската Федерација

МОСКВА

Конзуларни услуги