Соопштенија

Mинистерот Никола Попоски, вчера и денес, во придружба на Претседателот Иванов, претстојуваше во Република Хрватска, каде што се одржаа состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ како и „Самитот 100“ заедно со бизнис лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа.

На годинешниот „Самит 100“ се разговараше за можностите за соработка во насока на зајакнување на конкурентноста на националните економии и потенцијалот на целиот регион на Југоисточна Европа.

SAMIT 100 Slika 1

Темите на кои се осврнаа лидерите од Југоисточна Европа на „Брдо-Бриони Процесот“ во Дубровник беа политичката состојба и односите во регионот, продолжувањето на проширувањето на Европската унија со земјите од регионот, инфраструктурните проекти и енергетската политика.

 

Германската Канцеларка Ангела Меркел, која учествуваше како посебен гостин на состанокот на „Брдо-Бриони Процесот“, ги охрабри земјите од регионот да продолжат со реформите. Го нагласи значењето на членството во Европската унија и целосното исполнување на критетиумите за членство.

SAMIT 100 Slika 2

На маргините на работниот престој во Република Хрватска, министерот Никола Попоски оствари средба со државниот Министер за европски прашања на Француската Република, Харлем Десире.

SAMIT 100 Slika 3

 

SAMIT 100 Slika 4

 

Конзуларни услуги