Соопштенија

Средба на заменик министер за надворешни работи, Драгана Кипријановска со Н.Е.г-дин Тарит Чарунгват (THARIT CHARUNGVAT), новоименуван вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Тајланд во Република Македонија, со седиште во Анкара 

 

IMG 2452-600

Заменикот Министер за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кирпијановска, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Тајланд во Република Македонија, со седиште во Анкара, Н.Е. г-дин Тарит Чарунгват, (Tharit Charungvat).

Заменикот министер Кипријановска му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Чарунгват и изрази очекување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да јакнат, а соработката ќе се продлабочува со уште понагласена динамика.

IMG 2458-600

На средбата беше разгледана досегашната билатерална соработка, како и можностите и перспективите за нејзино унапредување во сите сфери од заеднички интерес, а пред се во економијата, културата, образованието и науката.

Покрај билатералната, беше разговарано и за мултилатерална соработка со Тајланд, како и за најновите случувања во регионот на Југоисточна Азија.

Конзуларни услуги