Соопштенија

  Министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини, на 25 јули 2014 година престојуваше во еднодневна посета на Република Македонија, остварувајќи средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија,Никола Попоски, пред планираните средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со претседателот на Владата, Никола Груевски и со вице-премиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

          IMG 2280-600

Како земја претседавач со ЕУ во периодот јули - декември оваа година, Италија ќе продолжи да биде силен поборник за процесот на проширување на Унијата, нагласи министерката Могерини на средбата со министерот Попоски, со порака дека Македонија може да смета на натамошна активна поддршка од Италија за отпочнување на пристапните преговори.

Министерот Попоски ги поздрави искрените и континуирани заложби на Италијанската Република за внесување нова динамика во интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, апелирајќи за зголемен ангажман и дополнителен импулс во однос на евро-интегративниот процес.

IMG 2295-600

На средбата беа потврдениодличните билатерални односи  меѓу Република Македонија и Италијанската Република кои се одраз на взаемна почит, пријателство и блиска соработка не само во меѓусебните релации,тукуи на регионалнои на мултилатерално ниво.

IMG 2324-600

Покрај за политичките, министрите Попоски и Могерини разговараа и за можностите за продлабочување на економските односи и зголемување на трговската размена. Беше нагласена и важноста за продолжувањето на италијанската развојна соработка и проектна помош, во функција на поддршка на напорите на Владата на Република Македонија за натамошно унапредување на степенот на исполнување на европските стандарди во различни сегменти на општественото живеење.

IMG 2343-600

 

За време на посетата беше потпишан и билатералниот договор меѓу  Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.

Конзуларни услуги