Соопштенија
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Апостолски нунциј за Република Македонија со седиште во Софија, Надбискуп Анселмо Гвидо Пекорари.
 
 
На средбата беше нагласено задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Светиот Престол и на соработката дисперзирана во разни области од заемен интерес.
IMG 2072-600
 
Министерот Попоски му посака успешна мисија на Апостолскиот Нунциј, изразувајќи уверување дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на односите и доближувањето на двете земји.
IMG 2082-600
 
 
Апостолскиот Нунциј Пекорари искажа подготвеност да го продолжи градењето пријателски врски меѓу Република Македонија и Светиот Престол, во духот на взаемното разбирање и споделувањето заеднички културни, религиски и цивилизациски вредности.

Конзуларни услуги