Најнови вести

Во организација на Владата на Баварија и Генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен, на 10-11 декември 2014 година  во просториите на Принц-Карл Палатата во Минхен се одржа шестата седница на постојаната македонско – баварска меѓувладина комисија.

Денес, во музејот на македонската борба за државност и самостојност, ЗМНР Кипријановска ја отвори стратешка работилница за подготовка на новата Рамка за развојна соработка на ОН со Република Македонија за периодот 2016-2020 г. (УНДАФ), чија основна цел е да ги адресира тековните развојни предизвици на земјата, водејќи сметка за националните развојни приоритети кои се тесно поврзани и структурирани околу евроинтегративниот процес.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се потпиша во книгата на жалост отворена за починатиот амбасадор Петрит Бушати во амбасадата на Република Албанија во Скопје.

 

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари редовен брифинг состанок со Амбасадорите на земјите членки на ЕУ со цел разгледување на актуелности поврзани со ЕУ интеграциите на Република Македонија, особено во контекст на неодамнешната работна посета на Брисел,

На 12 ноември 2014 година Министерот Попоски оствари средба со комесарот за Европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 11ноември 2014 година имаше неформални разговори со претставниците на земјите-членки на ЕУ во Советот на ЕУ.

 

Mинистерот Никола Попоски, на покана на германскиот министер Франк-Валтер Штајнмајер и британскиот министер Филип  Хамонд, учествуваше на Шестата конференција на министрите за надворешни работи од Југоисточна Европа, во организација на реномираниот германско-американски Институт „Аспен,“ во Берлин.

На 31 октомври 2014 година Мисијата на Република Македонија при ЕУ во Брисел беше домаќин на тркалезна маса за земјите од Југоисточна Европа под наслов “Предизвиците за идното проширување на ЕУ“.

 

На 10 октомври, новоименуваниот Амбасадор Андријана Цветковиќ, ги предаде копиите од акредитивните писма на заменик министерот за надворешни работи на Јапонија, А. Саики.

 

Република Македонија вчера беше за првпат избрана за член на Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) за периодот 2014-2016 година, a амбасадорот Кире Илиоски за гувернер на новиот состав на Бордот, со двегодишен мандат.

Конзуларни услуги