Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

Во организација на Владата на Баварија и Генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен, на 10-11 декември 2014 година  во просториите на Принц-Карл Палатата во Минхен се одржа шестата седница на постојаната македонско – баварска меѓувладина комисија.

 

На 05.12.2014 година, првиот резидентен Амбасадор на Република Македонија во Јапонија, Андријана Цветковиќ ги предаде  акредитивните писма на Императорот на Јапонија Акихито во Империјалната Палата во Токио.

 

Монополот за продажба на алкохолни пијалоци во Шведска „Системболагет“ објавува тендер за набавка на македонско црвено вино од автохтоната сорта Вранец што би се пласирало на тамошниот пазар, употребувајќи го уставното име на нашата држава.

 

На 10.11.2014 г., првиот амбасадор на Република Македонија во Обединетите Арапски Емирати, Сашо Ташевски ги предаде акредитивните писма на Н.В. Шеикот Мохамед Бин Рашед Ал Мактоум, потпретседател и Премиер на Обединетите Арапски Емирати.

 

Конзуларни услуги