Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

Македонски компании успешно се претставија на годинешното издание на најголемиот светски саем за прехрана и прехранбени производи СИАЛ кој се одржа од 16-20 октомври во Париз.


Република Македонија се претстави на Меѓународниот саем за туристички патувања кој се одржа во Варшава во периодот од 14 до 16 октомври 2016 година). Амбасадата на Република Македонија во Варшава во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имаше успешно претставување со свој штанд во павиљонот определен за Балканските држави каде беше промовирана Македонија како туристичка дестинација, а посетителите имаа прилика да пробаат и традиционална македонска храна.

На 13-ти октомври 2016 година амбасадорот Андријана Цветковиќ оствари средба со новоназначениот парламентарен заменик Министер за надорешни работи на Јапонија Мотоме Такисава, кој е надлежен за Република Македонија. На средбата беше изразена заемна согласност за континуираниот позитивен развоен тренд на билатералните односи меѓу двете земји, што бележи значаен прогрес по отворањето на Амбасада на Република Македонија во Токио во 2013 година, како и претстојното отворање на јапонска Амбасада во Скопје во јануари 2017 година.

Првиот резидентен амбасадорот на Република Македонија др. Андријана Цветковиќ ја  освои првата наградата  Grand Prix на дипломатскиот конкурс за фотографии  “Јапонија низ очите на дипломатите” кој го огранизира Министерството за надворешни работи на Јапонија, а под покровителство на Нејзиното Империјално Височество Принцезата Такамадо.

На 30 септември 2016 година во Токио, амбасадорот на Република Македонија во Јапонија Н.Е. др. Андријана Цветковиќ и претседателот на Медицинското корпорациско тело „Кен Ику Каи” г-н Сецуо Такекава потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и оваа реномирана медицинска установа. 

На 29 септември 2016 година во црквата Св. Матеус во Стокхолм, во организација на Амбасадата на Република Македонија во Кралството Шведска се одржа Хуманитарен концерт за помош на семејствата погодени од поплавите кои се случија на 6-ти август во регионите на Скопје и Тетово.

На 16 септември 2016 година Амбасадата на Република Македонија во Варшава по повод одбележувањето на 25 години од Денот на Независноста на Република Македонија – 8ми септември, организираше прием за дипломатскиот кор акредитиран во Варшава, претставници на полските државни институции, општините, бизнис заедницата, како и за претставници на македонската заедница која живее и работи во Полска.

На 12 септември 2016 година во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм се одржа прием по повод 25 годишнината од осамостојувањето на Р. Македонија, на кој се обрати Амбасадорот на Република Македонија во Шведска, Александра Наќева Ружин.

Денот на независноста на Република Македонија се одбележа и во Астана, Казахстан. Во рамките на прославата на 25 годишнината на независноста на Република Македонија во Астана реализиран е проект во чии рамки се одржаа концерти на групата „Синтезис“, свечен прием, предавање на директорот на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави при министерството за надворешни работи на Република Македонија Ненад Колев на Универзитетот KAZGUU, отворање на македонско катче во Националната академска библиотека на Република Казахстан,  како и дегустации на македонски вина. 

На 12 септември 2016 година Амбасадата на Република Македонија во Загреб организираше прием по повод Денот на независноста на Република Македонија - 8-ми септември. На настанот се обрати амбасадорката Даниела Караѓозоска, која се осврна на односите меѓу Македонија и Хрватска, како и актуелните внатрешни состојби на Република Македонија во изминатите 25 години.

 

Конзуларни услуги