Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

Информативна економска работилница посветена на Република Македонија се одржа на 19 февруари 2016 година во Париз во Business France- агенцијата посветена на промоција на француската економија во земјата и странство.

 

Амбасадата на Република Македонија во Астана, Република Казакстан известува дека Универзитетот КИМЕП во Алмати, Р. Казакстан за кандидати од Република Македонија за академската 2016/2017 година доделува 10 целосни стипендии ( 5 стипендии за додипломски (редовни) студии и 5 стипендии за магистерски студии).

 На 12 јануари по повод осум годишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ, во Кампот Бутмир-Сараево беше одадена почит за загинатите. По тој повод на спомен обележјето, венци со свежо цвеќе положија претставникот на Амбасадата на Република Македонија, А.Крстевски генерал мајор Ј. Луиф, командант на ЕУФОР во БиХ, мајор на Армијата на РМ, И.Никчевски, претставници на Армијата на САД и претставник од Здружението на Македонците во Сараево.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска, денес во Мостар, учествуваше на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, во рамки на босанското претседавање со Повелбата.

 

Амбасадата на Република Македонија во Загреб и оваа година учествуваше на традиционалниот Божиќниот саем во Загреб. Настанот кој имаше хуманитарен карактер се одржа на Загрепскиот велесаем на 6 декември 2015 година, во организација на Интернационалниот клуб на жени – Загреб и беше официјално отворен од страна на градоначалникот на град Загреб, Милан Бандиќ.

На 6 декември 2015 година во хотелот „Радисон“ во Астана, во организација на АСА –Асоцијација на сопружниците на амбасадорите во Астана се одржа осмиот по ред божиќен хуманитарен базар.

 

Амбасадата на Република Македонија во Сараево учествуваше на 9-от дипломатски хуманитарен базар организиран од здружението на сопружници на шефовите на мисии, што се одржа во салата „Мирза Делибашиќ“ во спорскиот комплекс Скендерија на 5 декември 2015 година.

 

Настанот „Денови на Македонска култура“ на 4 и 5 декември 2015 година се одржа во Бјалисток, во регионот Подласки, кој е еден од 16-те региони во Република Полска. Настанот го отвори Директорот на Филхармонијата и Операта во Бјалисток г-дин Дамијан Танајевски. Поздравно обраќање имаше и член на бордот на регионот Подласки г-дин Стефан Крајевски и Вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Полска, г-ѓа Горица Атанасова-Ѓоревска. 

На иницијатива на амбасадорот на Република Македонија во Астана, Илија Псалтиров, а во организација на македонската амбасада, универзитетот КАЗГУ, Научниот центарот за трансфузиологија и Управата за поддршка на дипломтаскиот кор при МНР на РК, на 2 декември 2015 година во рамки на  универзитетот КАЗГУ во Астана се одржа прва крводарителска акција по повод Денот на борбата против ХИВ и Денот на Првиот претседател на Казакстан.

На 01 декември 2015 година во просториите на Универзитетот на Обединетите Нации во Токио Амбасадорот на Република Македонија во Токио Д-р Андријана Цветковиќ одржа предавање на тема „Амбасадори на иднината-јавната дипломатија како алатка за глобални промени“.

 

Конзуларни услуги