Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

Амбасадата на Република Македонија во Варшава учествуваше на 8-от меѓународен хуманитарен базар организиран од SHOM - здружението на сопружници на шефовите на мисии, што се одржа во хотел Мариот на 29 ноември 2015 година.

 

На иницијатива на Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и во соработка со Државниот архив и Воениот музеј на Македонија на 25 ноември 2015 година во Воениот музеј во Стокхолм, беше отворена изложбата „Македонија и Првата светска војна“. Изложбата е дел од циклусот изложби во Воениот музеј во Стокхолм за одбележување на 100 годишнината од почетокот на ПСВ, во чии рамки досега беа претставени Австрија, Русија, Холандија, Србија и Арменија. 

На 18 ноември 2015 година во рамки на Академско-дипломатскиот клуб при Универзитетот КАЗГУ (KAZGUU) во Астана, се одржа предавање од страна на амбасадорот д-р Илија Псалтиров на тема „Република Македонија – Геополитички и геоекономски центар во Европа“. Предавањето го проследија околу стотина присутни, меѓу кои најголем број студенти, а присутни беа и професори, амбасадори и други претставници на дипломатскиот кор, како и претставник од МНР на Република Казаxстан.

Амбасадорот Кире Илиоски учествуваше на меѓународна конференција со работен наслов “Countering Radicalization and Violent Extremism Leading to Terrorism” која во периодот од 9 до 11 ноември 2015 година се одржа во Тел Авив, Израел.

 

 

Во културниот центар „Еинав“ во Тел Авив на 17 ноември 2015 беше одбележана 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Израел. Во таа прилика, беше отворена изложбата „Македонско око во Израел, Израелско око во Македонија“ а беше одржан и концерт на дувачкиот квинтет „Скопје“. 

Македонското претседателство со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) јасно и недвосмислено ги осудува терористичките напади чија цел беа неколку локации во Париз и резултираа со голем број на жртви и повредени лица. Истакнувајќи ја својата длабока потресеност од оваа неопислива и огромна трагедија, Македонското претседателство со ЦЕИ го изразува своето длабоко сочувство и најискрена солидарност кон семејствата на жртвите во неа, како и кон владата и народот на Франција.

На иницијатива на Амбасадата и во соработка со International Philanthropic Society of Sweden на 12 ноември 2015 година во Стокхолм беше одржан голем хуманитарен настан за помош на децата со посебни потреби во Дневниот центар во Кочани.

 

Од 5 до 8 ноември 2015 година во изложбениот простор „Карусел“ во рамки на престижниот музеј „Лувр“ во Париз во Париз, се одржа Меѓународниот саем за културно наследство, на кој Република Македонија за првпат се претстави на овој значаен саем, што ги обединува професионалците од областа на заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство од целиот свет.

На 5 ноември 2015 во хотелот „Гранд Принц Таканава“ во Токио беше одржан 55-от избор на Мис (Miss International 2015). Овој избор беше поддржан од министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, претседателот на Јапонската туристичка агенција, Акихико Тамура и претседателката на интернационалната културна асоцијација, Акеми Шимомура.

Атина, 29 октомври 2015 г., Независна балканска новинска агенција

Од Алексија Тасули

Дарко Ангелов е шеф на канцеларијата на Република Македонија во Атина. Тој даде ексклузивно интервју за Независната балканска новинска агенција околу мерките за градење доверба, преговорите за името и односите со владата на Сириза.

Конзуларни услуги