Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

Од 5 до 8 ноември 2015 година во изложбениот простор „Карусел“ во рамки на престижниот музеј „Лувр“ во Париз во Париз, се одржа Меѓународниот саем за културно наследство, на кој Република Македонија за првпат се претстави на овој значаен саем, што ги обединува професионалците од областа на заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство од целиот свет.

На 5 ноември 2015 во хотелот „Гранд Принц Таканава“ во Токио беше одржан 55-от избор на Мис (Miss International 2015). Овој избор беше поддржан од министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, претседателот на Јапонската туристичка агенција, Акихико Тамура и претседателката на интернационалната културна асоцијација, Акеми Шимомура.

Атина, 29 октомври 2015 г., Независна балканска новинска агенција

Од Алексија Тасули

Дарко Ангелов е шеф на канцеларијата на Република Македонија во Атина. Тој даде ексклузивно интервју за Независната балканска новинска агенција околу мерките за градење доверба, преговорите за името и односите со владата на Сириза.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска, во периодот од 28 до 30 октомври во Њујорк учествуваше на Мировниот форум во знакот на одбележување на 15 годишнината од усвојувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН посветена на жените, мирот и безбедноста.

На 27 октомври, во седиштето на Меѓународната организација на лозјето и виното (OIV) во Париз а во рамки на промотивните активности за македонската економија, Амбасадата на РМ во Париз заедно со АСИПИРМ и кластерот на производители на вино од Македонија (Wines of Macedonia) организираше промоција и дегустација на македонски вина. 

На 28 – 29 октомври 2015 година во просториите на Минстерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа регионален семинар на тема „Улогата на Министерствата за надворешни работи во Поглавјето 24 – Миграции и визна политика“.

 

Под мотото „Заедно низ Европа”, во организација на Амбасадата на Република Mакедонија во Букурешт, се одржа манифестација за одбележување на 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Романија. На манифестацијата беа потпишани меморандуми за соработка (збратимување) помеѓу дванаесет општини од РМ со дванаесет општини од Романија, при што вкупната бројка на збратимени општини (или отворени формални постапки за збратимување) достигна дваесет и осум општини од Македонија и од Романија.

Македонската амбасада во Стокхолм, на 22 октомври 2015 година организираше Македонско културно утро со членовите на International Women’s Club. Настанот имаше за цел запознавање на членовите на IWC со македонската историја, културно наследство и туристички потенцијали, претставени преку интерактивна ПП презентација од амбасадорката Александра Наќева Ружин, проследена со проекција на видеа за Македонија. 

По повод 20 години од воспоставување дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Грција, денес, Генералниот конзул на Република Македонија во Солун, Маја Апостолова Балабурски одржа предавање на студентите од катедрата за балкански и славистички студии при солунскиот универзитет „Македониjа“. 

 

Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Лондон, на 9 септември 2015 година се одржа прием по повод Денот на независноста на Република Македонија, на која присуствуваа значајни имиња од политичкиот и јавниот живот, членови на дипломатскиот кор акредитиран во Лондон, Почесниот Конзул на Република Македонија во Исланд, Сашо Андонов, како и претставници на македонската дијаспора.

Конзуларни услуги