Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

На 10 и 11 октомври 2015 година во Ереван, Ерменија, се оддржа 31-та Министерска конференција на Меѓународната организација на франкофонијата, со која претседаваше Сенегалскиот министер за надворешни работи, Манкeр Ндијае.

 

Дипломатската академија нa Министерството за надворешни работи на Република Македонија стана членка на Меѓународниот форум за дипломатски обуки - ИФДТ (IFDT - The International Forum on Diplomatic Training).

 

На 25 септември, Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина одржа прием по повод дваесет години дипломатски односи со Грција.

 

На 15 септември 2015 година, во просториите на хотелот „Бристол“ во Виена беше прославен Националниот ден на Република Македонија, 8-ми септември, Денот на независностa на државата.

 

Постојаниот преставник на Р. Македонија при ОБСЕ, ООН и другите меѓународни организации со седиште во Виена, амбасадорот Кире Илиоски е назначен за заменик претседавач (vice-chairperson) на Комитетот на државите членки (Committee of the Whole) за време на 59-та сесија на Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Брисел, во соработка со Мисијата при ЕУ и Мисијата при НАТО, на 09.09.2015 година беше одржан прием по повод Денот на независноста на Република Македонија. Приемот се одржа во замокот „Sainte-Anne“. На приемот присуствуваа повеќе од 250 гости, меѓу кои министерот без ресор во ВРМ Висар Фида, дипломатскиот кор на Белгија, ЕУ и НАТО, политичката и бизнис заедница на Белгија, дијаспората и пријатели на трите мисии во Брисел.

По повод одбележувањето на 24 годишнината од прогласување на независноста на Република Македонија 8 септември, во резиденцијата на амбасадорот Псалтиров во Астана, на 15 септември 2015 година беше организиран свечен коктел.

 

Заменик министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска во период од 14 до 17 септември 2015 година во Будва учествуваше на Конференцијата „Регионална соработка на Западен Балкан”, во организација на  Институтот „Аспен“ од Германија.

 

По повод Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември, амбасадата на Република Македонија во Њу Делхи, Индија организираше свечен прием. На приемот, почесен гостин беше Државниот министер за култура и туризам на Индија, Д-р Манеш Шарма.

 

На 14 септември Амбасадата на Република Македонија во Загреб организираше прием по повод празникот „8 септември - Денот на независноста “.

 

Конзуларни услуги