Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември во Романија се одбележа со неколку настани. Амбасадата на Република Македонија во Букурешт во коорганизација со Форумот за романско - македонско пријателство во Романија, во дворот на Амбасадата приреди „Заедничка маса“ на македонската заедница во Романија, со подготвени домашни специјалитеи и македонско вино.

Во периодот 14-18 септември 2015 година осум члена делегација од Македонија во состав Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство г-дин Зоран Поповски и претставници на Агенцијата и на Министерството за економија, беа во студиска посета во Стокхолм и Упсала. Целта на посетата е обука за фито и фитосанитарни мерки и анализа на ризици во неколку шведски институции - Националниот одбор за трговија, Агенцијата за храна и на Агенцијата за ветеринарство.

На 8-ми септември 2015 година, во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, се одржа прием по повод Денот на независноста на Република Македонија.

 

По повод 8-ми Септември - Денот на прогласувањето на самостојноста, независноста и сувереноста на Република македонија, Генералниот конзулат на Република Македонија во Детроит организираше свечено кревање на македонското знаме пред Градското собрание во Кливленд, САД. На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на Република Македонија, г-дин Павле Саздов и г-дин Владимир Ѓорчев и претставници на македонската заедница која живее во сојузната држава Охајо.]

На 8 септември 2015 година, Амбасадата на Република Македонија во Белград организираше свечен прием по повод Денот на независноста на Република Македонија, на кој присуствуваа бројни политичари, претставници на дипломатскиот кор, истакнати јавни личности.

 

На 10 септември 2015 година во хотелот Маритим, Амбасадата на РМ во Берлин организираше прием по повод државниот празник 8-ми септември.

 

Престижниот весник „Њујорк Тајмс“ објави листа со 52 земји како дестинации за посета во 2015 година, а Македонија се најде на високотo 10 место.

 

По повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Државата Израел, минатата недела во Охрид, Битола и во Скопје се организираа повеќе културни настани, изложби, видео проекции и театарски претстави.

 

Интервју на Амбасадорката на Република Македонија во Австрија , Василка Попоска- Тренеска за престижниот австриски магазин “Society”.

 

На иницијатива и во организација на македонската Амбасадата во Романија на Меѓународниот натпревар за вино во Букурешт 2015 (International Wine Contest Bucharest2015)  што се одржа од 21 до 24 мај 2015, учествуваа шест винарии од Република Македонија со 15 врвни вина. Пет од нив, винарите „Бовин“, „Тиквеш“, „Камник“, „Попова Кула“ и „Сопот“, освоија шест златни и три сребрени медали, во конкуренција на винарии од 27 земји од сите континенти и оценувани околу 1000 примероци вино.

Конзуларни услуги