Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

На покана на универзитет “Webster” и австро-американското друштво од Виена, Австрија, амбасадорот Кире Илиоски одржа предавање на тема “Регионалната соработка како предуслов за интеграција во ЕУ и НАТО.” Предавањето беше одржано во рамките на годишната серија предавања од страна на истакнати предавачи која престижниот универзитет “Webster” по седми пат ја организира во соработка со австро-американското друштво од Виена, Австрија. Пред присутниот аудиториум составен од претставници на дипломатскиот кор, австриските институции, економската заедница, меѓународните организации, академијата и научните институти, амбасадорот Илиоски ја елаборираше важностаипотребата од интензивна политичкаиекономска соработка меѓу државите од нашиот регион, како приоритетна област во рамките на евро-атлантските процеси.

Престижниот “Њујорк Тајмс“ ја  препорача Македонија како десетта дестинација од листа на 52 земји кои треба да се посетат во 2015 година.

 

 

Амбасадорот на Република Македонија во Шведското Кралство, Александра Наќева Ружин,  го отвори овогодинешниот Балкански филмски фестивалкој се оддржува од февруари до мај во повеќе градови во Шведска и Норвешка. Република Македонија се претстави со филмот на Игор Иванов,  „Соба со пијано,“ кој беше прифатен со одлични критики од публиката и од жирито.

Вевчани во Македонија е сликовито и тивко село – но неколку дена во годината се тоа се менува.

 

 

Денес во седиштето на НАТО во Брисел се одржа  завршниот состанок на  Управната група за безбедносна соработка  на амбасадорско ниво на земјите од Југо-Источна Европа (SEEGROUP) во рамките на македонското претседавање за 2014. Година. На состанокот претседаваше aмбасадорот на Република Македонија во НАТО, Зоран Дабиќ.

Првиот македонски резидентен амбасадор на Република Македонија во Република Казакстан, д-р Илија Псалтиров, на 10.12.2014 година ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Казакстан, Н.Е. Нурсултан Назарбаев. Церемонијата на примопредавање на акредитивните писма се одржа во претседателската палата Акорда.Aмбасадорот беше претставен под уставното име на нашата земја.

Во организација на Владата на Баварија и Генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен, на 10-11 декември 2014 година  во просториите на Принц-Карл Палатата во Минхен се одржа шестата седница на постојаната македонско – баварска меѓувладина комисија.

 

На 05.12.2014 година, првиот резидентен Амбасадор на Република Македонија во Јапонија, Андријана Цветковиќ ги предаде  акредитивните писма на Императорот на Јапонија Акихито во Империјалната Палата во Токио.

 

Монополот за продажба на алкохолни пијалоци во Шведска „Системболагет“ објавува тендер за набавка на македонско црвено вино од автохтоната сорта Вранец што би се пласирало на тамошниот пазар, употребувајќи го уставното име на нашата држава.

 

Конзуларни услуги