Македонија во светот

Македонија во светот

На 26 февруари по повод 13 годишнината од авионската несреќа во која загина ППРМ Б. Трајковски и членовите на делегацијата пред спомен – обележјето кај Матича Брда, Ротимље, општина Столац кај Мостар беше одадена почит за загинатите.

На почетокот на 2017 година, публиката во северна Грција имаше можност да се запознае со македонските фолклорни  традиции, преку  успешните настапи на  дебарско - мијачката група „Мајовци “ и на кавадаречката ,,Џоломари“. Имено, на 3 јануари 2017 година во Костур  за прв пат, учествуваше еден од најоригиналните фолклорни музички ансамбли што негува автентичен македонски фолклор од мијачкиот крај  и  кој  успешно ја пренесе  тристогодишната музичка традиција.

На 17 февруари 2017 година, амбасадата на Република Македонија во Астана во соработка со Универзитетот КАЗГУУ го организираше Ден на Македонија, на кој амбасадорот Илија Псалтиров одржа презентација за Македонија, нејзината историја и природни убавини, по што беше преставена изложбата на цртежи со македонски национални носии. За време на настанот, во живо беше презентирана и носија стара повеќе од 100 години од регионот на Скопска Црна Гора, по што следеше музичка програма на македонски и казахски народни песни.

На 12 јануари по повод девет годишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ, во Кампот Бутмир-Сараево беше одадена почит за загинатите.

По повод одбележувањето на 15 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Обединетите Мексикански Држави, амбасадорите на двете држави во Република Србија, Н.Е. г-ѓа Вера Јовановска – Типко и Н.Е. г-дин Марко Антонио Гарција Бланко, денес во Белград потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на ОМД за воспоставување на политичките консултации за прашања од заеднички интерес. 

На 7-ми декември 2016 година во просториите на Претставничкиот дом се одржа основачки состанок на Парламентарната група за јапонско-македонска соработка при јапонскиот Парламент (Диет), на кој присуствуваа претставници од јапонското МНР, а во чии рамки амбасадорот на Република Македонија во Токио, д-р Андријана Цветковиќ одржа презентација за Република Македонија на јапонски јазик.

 

Амбасадата на Република Македонија во Сараево учествуваше на 10-от јубилеен дипломатски хуманитарен базар организиран од здружението на сопружници на шефовите на мисии, што се одржа во салата „Мирза Делибашиќ“ во спортскиот комплекс „Скендерија“ на 3 декември 2016 година.

 

По повод 1 декември - Денот на Првиот Претседател на Казакстан и Светскиот ден во борба против сидата, Амбасадата на Република Македонија во Астана во соработка со КАЗГУУ Универзитетот, Управата за поддршка на дипломатскиот кор и Центарот за трансфузиологија организираше крводарителска акција.

На 26 и 27 ноември се оддржа 16-от Самит на Франкофонијата во Антананариво, главниот град на Мадагаскар на тема: “Споделен раст и одговорен развој-услови за стабилност во светот и во франкофонскиот простор”, кадеРепублика Македонија беше претставена од Габриел Атанасов, Личен претставник на Претседателот на државата во Франкофонијата и в.д. во Амбасадата на Република Македонија во Париз.

Генералниот конзулат во Солун ја претстави туристичката понуда на Република Македонија на најголемиот саем за туризам во Грција – ,,Филоксениа“, што се одржа од 18-ти до 20-ти ноември 2016 година.

 

Конзуларни услуги