Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

На 8 септември 2016 година во хотелот „Кемпински“, Амбасадата на Република Македонија во Берлин организираше прием по повод државниот празник 8-ми септември.
На свечениот прием присуствуваа над 200 гости, пратеници од Сојузното собрание на Сојузна Република Германија, претставници од кабинетите на Претседателот и Канцеларот на СР Германија, Амбасадори и колеги од дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на македонската заедница, македонската православна и исламска заедница.

Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Брисел, во соработка со Мисијата на Република Македонија при ЕУ и Мисијата на Република Македонија при НАТО, на 8 септември 2016 година се одржа прием по повод 25-годишнината од независноста на Република Македонија.

 

На 8 септември 2016 година, македонската амбасада во Париз ја прослави 25 годишнината од независноста на Република Македонија. Во оваа пригода, Вршителот на работите и Личен претставник на Претседателот на РМ за Франкофонија, Габриел Атанасов, во излагање пред гостите од француските институции, дипломатскиот кор, претставници на УНЕСКО и Меѓународната организација на Франкофонијата, како и претставници од дијаспората, го истакна значењето на 8 септември-денот кога во 1991 година, македонскиот народ го избра патот на независноста.

На 7 септември 2016 година по повод одбележување на 25 годишнината од прогласувањето на македонската независност, Амбасадата на Република Македонија во Сараево организраше свечен прием за претставниците на институциите и организациите во Босна и Херцеговина, дипломатскиот кор во Сараево и членовите на македонската заедница во Босна и Херцеговина.

На 7 септември 2016 година во Софија се одржа свечена прослава по повод Денот на независноста на Република Македонија - 8-ми септември. 

На настанот се обрати амбасадорот Марјан Ѓорчев кој се осврна на досегашните постигнувања на нашата држава, посебно во европските и евроатлантски интегративни процеси, нејзините предности како мултикултурно општество, со посебен акцент врз билатералната соработка со Бугарија и позитивните основи за нејзино унапредување во иднина.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОБСЕ
Излагање на амбасадорот Кире Илиоски  - Постојан претставник на Република Македонија при ОБСЕ, ОН и други меѓународни организации во Виена
ПС 1108 - Јули 14, 2016

 

На 5 јули 2016 година, во седиштето на УНЕСКО во Париз, со размена на писма, В.Д. Габриел Атанасов и Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова го потпишаа договорот меѓу Република Македонија и УНЕСКО, со кој Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија стана Центар од категорија 2 под покровителство на УНЕСКО. На настанот присуствуваше и директорот на Институтот професор Михаил Гаревски.

Првиот македонски резидентен амбасадор во Бразил и во Латинска Америка, Ивица Боцевски, ги предаде акредитивните писма на Мишел Темел, вршител на должноста претседател на ФР Бразил.

 

Во рамки на економската дипломатија и активностите за промоција на економската соработка помеѓу Македонија и Франција, на 7 јуни 2016 година во Enghien –Les-Bains ВР Габриел Атанасов оствари работна средба со Филип Суер претседател на CEEVO - Комитет за експанзија на економската соработка на Val-d’Oise кој воедно е и вице-претседател на советот на департманот Val-d’Oise и градоначалник на Enghien–Les-Bains.

Република Македонија, преку впечатливите настапи на камерен оркестар и фолклорна група од Битола, ги претстави македонската музика и македонскиот јазик на настаните што ги организираа општините Солун и Кожани на почетокот на јуни.

 

Конзуларни услуги