Патни исправи

КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Патни исправи

Акционен план на Владата на Република Македонија за периодот 1 јануари – 31 декември 2019 година за прием на барања и издавање на пасоши преку дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија во европските во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Сојузна Република Германија, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Швајцарија, Италија, Австрија и Словенија

Се известуваат сите државјани на Република Македонија кои времено или постојано престојуваат во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Сојузна Република Германија, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Швајцарија, Италија, Австрија и Словенија дека  и во текот на 2019 година ќе можат да поднесат барање  за  добивање на  пасоши преку дипломатско – конзуларните преставништва на Република Македонија во горенаведените држави.

Согласно утврдената процедура, секој државјанин на Република Македонија, пред да поднесе барање до едно од надлежните дипломатко –конзуларно преставништва на Република Македонија во Мелбурн, Канбера. Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, (вклучително и конзуларното Одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Берн, Лондон, Париз, Рим, Венеција, Виена и Љубљана, потребно е претходно да го најави својот интерес за добивање на пасош на еден од следните телефонски  и факс броеви  или е-маил адреси:

[ ! ] Контакт информации за најава на интерес за добивање патна исправа [ ... ]

Мелбурн Копенхаген Венеција
  • телефон: ++ 45 39 76 69 20
  • телефон: ++ 45 39 76 69 28
  • факс: ++ 45 39 76 69 23
  • [email protected]
  • телефон: ++ 39 041 532 02 82
  • телефон:++ 39 041 532 72 80
  • факс: ++ 39 041 532 12 79
  • [email protected]
Канбера Хаг Берлин
  • телефон: ++ 31 70 427 44 64
  • телефон: ++ 31 70 427 44 65
  • факс: ++ 31 70 427 44 69
  • [email protected]
  • телефон:  ++ 49 30 890 69 522
  • факс: ++ 49 30 895 41 194
  • факс:++ 49 30 890 69 525
  • [email protected]
Чикаго Брисел Бон
  • телефон: ++ 1 312 419 8020
  • телефон: ++ 1 312 419 8114
  • факс: ++ 1 312 419 8040
  • [email protected]
  • телефон: ++ 49 228 23 7986
  • телефон: ++49 228 23 0971
  • факс: ++ 49 228 23 77433
  • [email protected] 
Детроит Лондон Минхен
  • телефон: ++ 1 248 354 5537
  • телефон: ++ 1 248 354 5356
  • факс: ++ 1 248 354 5538
  • [email protected]
  • телефон: ++ 44 207 976 0535
  • телефон: ++ 44 207 976 0538
  • факс: ++ 44 207 976 0539
  • [email protected]
Њу Џерси Париз Виена
  • телефон: ++ 1 646 524 5750
  • телефон: ++ 1 646 524 5752
  • факс: ++ 1 646 524 5754
  • [email protected]
  • телефон: ++ 331 45 77 10 50
  • телефон: ++ 331 45 77 85 77
  • телефон: ++ 331 45 77 10 73
  • факс: ++ 331 45 77 14 84
  • [email protected]
  • телефон: ++ 43 1 524 8756
  • телефон: ++ 43 1 524 8757
  • факс: ++ 43 1 524 8753
  • [email protected]
Торонто Берн Љубљана
  • телефон: ++ 41 31 352 00 02
  • телефон: ++ 41 31 352 00 16
  • телефон: ++ 41 31 352 00 28
  • телефон: ++ 41 31 352 00 30
  • факс: ++ 41 31 352 00 57
  • факс:++ 41 31 352 00 37
  • [email protected]
  • телефон: ++ 386 1 421 00 21
  • телефон:++ 386 1 421 00 22
  • факс: ++ 386 1 421 00 23
  • [email protected]
Стокхолм Рим  
  • телефон: ++ 46 8 661 18 30
  • телефон: ++ 46 8 667 21 45 
  • факс: ++ 46 8 667 21 45
  • [email protected]
  • телефон: ++ 39 06 84 24 11 09
  • телефон: ++ 39 06 84 11 470
  • телефон: ++ 39 06 84 24 11 32
  • телефон: ++ 39 06 84 19 868
  • факс: ++ 39 06 84 24 11 31
  • [email protected]

Најавувањето може да се изврши во следниве периоди:

  • Прв период:  1 јануари - 31 јануари 2019 година

  • Втор период: 15 февруари - 30 април 2019 година

  • Трет период: 15 мај – 15 август 2019 година

  • Четврт период: 1 септември   - 31 октомври 2019 година

  • Пеетти период:15 ноември – 31 декември 2019 година


При најавувањето, државјаните на Република Македонија треба да ги достават следниве податоци:

  • име и презиме (за лица со променето име или презиме и името и презимето во моментот на раѓање)
  • место, датум и држава на раѓање
  • име и презиме на родителите
  • последна адреса на живеење во Република Македонија
  • тип пасош за кој се поднесува барање: Тип „А“ (македонски, како и македонско-бошњачки, турски, српски, влашки и ромски) и тип „Б“ (македонско-албански)
  • вид барање за пасош (издавање нов пасош, замена на пасош со поминат рок на важност, предвремена замена на пасош чиј рок на важност не е изминат, заменет на оштетен пасош, издавање „дупликат“ пасош доколку пасошот е изгубен или украден)
  • адреса на живеење во странската држава
  • телефон или e-mail за контакт

Согласно најавата, дипломатско–конзуларните претставништва на Република Македонија за истото ќе го информираат Министерството за надворешни работи, кое ќе го информира надлежното Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, со цел проверка дали постојат законски пречки за прием на барањето за издавање на пасошот.


Оние државјани за кои Министерството за внатрешни работи ќе утврди дека не постојат законски пречки да биде примено барањето за  издавање на пасош, ќе можат да го поднесат барањето во следните периоди и во следните градови:

Соединетите Американски Држави и Канада

Поднесување на барања во Соединетите Американски Држави и Канада

1. За поднесена најава во периодот од 1 - 31 јануари 2019 година:

1 март - 31 март 2019 во Њујорк и Торонто
1 март - 15 март 2019 во Чикаго
16 март - 31 март 2019 во Детроит

2. За поднесена најава во периодот од 15 февруари до 30 април 2019 година

1 јуни – 30 јуни 2019 во Њујорк и Торонто
1 јуни – 15 јуни 2019 во Чикаго
16 јуни – 30 јуни 2019 во Детроит

3. За поднесена најава во периодот од 15 мај до 15 август 2019 година:

15 септември – 15 октомври 2019 во Њујорк и Торонто
15 септември – 30 септември 2019 во Чикаго
01 октомври – 15 октомври 2019 во Детроит

4. За поднесена најава во периодот од 01 септември до 31 октомври 2019 година:

1 декември – 23 декември 2017 во Њујорк и Торонто
1 декември – 11 декември 2017 во Чикаго
12 декември – 23 декември 2017 во Детроит

Австралија и Нов Зеланд

Поднесување на барања во Австралија и Нов Зеланд

1. За поднесена најава во периодот од 1 - 31 јануари 2019 година:

1 март – 9 март 2019 во Мелбурн
10 март – 16 март 2019 во Канбера
17 март – 18 март 2019 во Вологонг
19 март – 22 март 2019 во Сиднеј
23 март – 24 март 2019 во Бризбен
25 март– 26 март 2019 во Оукланд (Нов Зеланд)
27 март – 29 март 2019 во Перт
30 март – 31 март 2019 во Аделајд

2. За поднесена најава во периодот од 15 февруари до 30 април 2019 година:

1 јуни – 9 јуни 2019 во Мелбурн
10 јуни – 15 јуни 2019 во Канбера
16 јуни – 17 јуни 2019 во Вологонг
18 јуни – 21 јуни 2019 во Сиднеј
22 јуни – 23 јуни 2019 во Њу Касл
24 јуни – 25 јуни 2019 во Бризбен
26 јуни – 28 јуни 2019 во Перт
29 јуни – 30 јуни 2019 во Аделајд

3. За поднесена најава во периодот од 15 мај до 15 август 2019 година:

15 септември – 25 септември 2019 во Мелбурн
26 септември – 01 октомври 2019 во Канбера
02 октомври – 03 октомври 2019 во Вологонг
04 октомври – 06 октомври 2019 во Сиднеј
07 октомври – 08 октомври 2019 во Њу Касл
09 октомври – 10 октомври 2019 во Бризбен
11 октомври – 12 октомври 2019 во Оукланд (Нов Зеланд)
13 октомври – 15 октомври 2019 во Перт

4. За поднесена најава во периодот од 01 септември до 31 октомври 2019 година:

01 декември – 06 декември 2019 во Мелбурн
07 декември – 12 декември 2019 во Канбера
13 декември – 14 декември 2019 во Вологонг
15 декември – 16 декември 2019 во Сиднеј
17 декември – 18 декември 2019 во Њу Касл
19 декември. – 20 декември 2019 во Бризбен
21 декември – 22 декември 2019 во Перт
22 декември – 23 декември 2019 во Перт

Европа

Поднесување на барања во Европа

1. За поднесена најава во периодот од 1 јануари - 31 јануари 2019 година:

01 март - 02 март 2019 во Стокхолм
03 март 2019 во Гетеборг
04 март 2019 во Малме
05 март - 06 март 2019 во Копенхаген
07 март 2019 во Хаг
08 март - 09 март 2019 во Брисел
10 март - 11 март 2019 во Лондон
12 март - 13 март 2019 во  Париз
14 март - 15 март 2019 во Берн
16 март - 17 март 2019  во Рим
17 март - 18 март 2019 во Венеција
19 март - 20 март 2019 во Берлин
21 март - 26 март 2019 во Бон
27 март - 28 март 2019 во Минхен
29 март 2019 во Љубљана
30 март - 31 март 2019  во Виена
     

2. За поднесена најава во периодот од 15 февруари - 30 април 2019 година:

01.06. - 02.06.2019 во Стокхолм
03.06.2019 во Гетеборг
04.06.2019 во Малме
05.06. - 06.06.2019 во Копенхаген
07.06.2019 во Хаг
08.06. - 09.06.2019 во Брисел
10.06. - 11.06.2019 во Лондон
12.06. - 13.06.2019 во Париз
14.06. - 15.06.2019 во Берн
16.06. - 17.06.2019 во Рим
18.06. – 19.06.2019 во  Венеција
20.06. - 21.06.2019 во Берлин
22.06. - 26.06.2019 во Бон
27.06. -28.06.2019 во Минхен
29.06.2019 во Љубљана
30.06.2019 во Виена

3. За поднесена најава во периодот од 15 мај до 15 август 2019 година:

15 - 16 септември 2019 во Стокхолм
17 септември 2019 во Гетеборг
18 септември 2019 во Малме
19 - 20 септември 2019 во Копенхаген
21 септември 2019 во Хаг
22 - 23 септември 2019 во Брисел
24 - 25 септември 2019 во Лондон
26 - 27 септември 2019 во Париз
28 - 29 септември 2019 во Берн
30 септември - 01 октомври 2019 во Рим
02 - 03 октомври 2019 во  Венеција
04 - 05 октомври 2019 во Берлин
06 - 11 октомври 2019 во Бон
12 - 13 октомври 2019 во Минхен

14 октомври 2019

15 октомври 2019

во

во

Љубљана

Виена

4. За поднесена најава во периодот од 01 септември до 31 октомври 2019 година:

01 декември 2019 во Стокхолм
02 декември 2019 во Гетеборг
03 декември 2019 во Малме
04 декември 2019 во Копенхаген
05 декември 2019 во Хаг
06 - 07 декември 2019 во Брисел
08 декември 2019 во Лондон
09 декември 2019 во Париз
10 - 11 декември 2019 во Берн
12 декември 2019 во Рим
13 декември 2019 во Венеција
14 - 15 декември 2019 во Берлин
16 - 20 декември 2019 во Бон
21 декември 2019 во Минхен
22 декември 2019 во Љубљана
23 декември 2019 во Берлин

Новите обрасци на барањето за пасош преку дипломатските и конзуларните преставништва се утврдени како прилози број 9 и 10 на Правилникот за изменување на Правилникот за обрасците на патни исправи и визи на државјаните на Република Македонија, за начинот на фотографирање за патните исправи и воедење на евиденција

При поднесувањето на барањето за пасош државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош) и копија од истиот.

Доколку се поднесува барање за издавање на пасош на лице чиј пасош е исчезнат или изгубен, потребно е истиот да биде објавен во Службен весник на Република Македонија. Барањето за објавување на изгубен или исчезнат пасош се поднесува преку дипломатското или конзуларното претставништво на Република Македонија. Со барањето се поднесува и оригинален документ за уплатен износ на финаниски средства за објавувањето и оригинална изјава дадена од носителот на пасошот, заверена во дипломатското или конзуларното претставништво.

Поднесувањето на барањето за пасош се врши лично, а за малолетните деца потребно е присуство на двајцата родители односно старателот (старателството се докажува со соодветен оригинален документ – судско решение за старателство и копија од истиот). Доколку едниот родител не е присутен при поднесувањето на барањето за пасош потребна е негова, во оригинал, писмена согласност дадена во форма на полномошно односно изјава, која е заверена на нотар, суд или во дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија. При поднесувањето на барањето за пасош за малолетно лице задолжително се презентира оригинален македонски извод од матичната книга на родените и копија од истиот.

За хендикепирани лица барањето го поднесува законски определениот старател (старателството се докажува со оригинален документ и копија од истиот), а се поднесува и оргинална болничка документација за доказ на болеста или степенот на хендикеп, како и копија од истата.

За барањата за предвремена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при поднесувањето на барањето задолжително се презентира пасошот и копија од истиот.

Сите документи кои се поднесуваат при аплицирањето за пасош, задолжително треба да бидат на македонски јазик. Доколку се поднесува странски документ истиот задолжително треба да биде легализиран и преведен на македонски јазик, освен ако по основ на взаемност или меѓународен договор не е предвидена ваква обврска.

При поднесувањето на барањето се плаќа или се доставува доказ за платена конзуларна такса согласно Законот за административни такси чиј начин на утврдување и висина е регулирана во член 29 и член 37 точка Б Тарифен број 133 од Законот за административни такси . Информација за износот на конзуларната такса кој треба да се плати може да се добие во надлежното дипломатско – конзуларно претставништво на Република Македонија.

При поднесувањето на барањето за пасош, државјаните на Република Македонија задолжително пополнуваат и пријава за престој во странство подолго од три месеци согласно член 8 на Законот за пријаување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.


Врачување на изработени патни исправи ќе се врши во следниве периоди и градови

Соединетите Американски Држави и Канада

Врачување на изработени патни исправи во Соединетите Американски Држави и Канада

1. За поднесени барања во периодот од 1 март до 31 март 2019 година:

1 јуни - 30 јуни 2019 во Њујорк и Торонто
1 јуни – 15 јуни 2019 во Чикаго
16 јуни – 30 јуни 2019 во Детроит

2. За поднесени барања во периодот од 1 јуни до 30 јуни 2019 година

15 септември – 15 октомври 2019 во Њујорк и Торонто
15 септември – 30 септември 2019 во Чикаго
01 октомври – 15 октомври 2019 во Детроит

3. За поднесени барања во периодот од 15 септември до 15 октомври 2019 година:

1 декември – 23 декември 2019 во Њујорк и Торонто
1 декември – 11 декември 2019 во Чикаго
12 декември – 23 декември 2019 во Детроит

Австралија и Нов Зеланд

Врачување на изработени патни исправи во Австралија и Нов Зеланд

1. За поднесени барања во периодот од 1 март до 31 март 2019 година:

1 јуни – 9 јуни 2019 во Мелбурн
10 јуни – 15 јуни 2019 во Канбера
16 јуни – 17 јуни 2019 во Вологонг
18 јуни – 21 јуни 2019 во Сиднеј
22 јуни – 23 јуни 2019 во Њу Касл
24 јуни – 25 јуни 2019 во Бризбен
26 јуни – 28 јуни 2019 во Перт
29 јуни – 30 јуни 2019 во Аделајд

2. За поднесени барања во периодот од 1 јуни до 30 јуни 2019 година:

15 септември – 25 септември 2019 во Мелбурн
26 септември – 01 октомври 2019 во Канбера
02 октомври - 03 октомври 2019 во Вологонг
04 октомври - 06 октомври 2019 во Сиднеј
07 октомври - 08 октомври 2019 во Њу Касл
09 октомври - 10 октомври 2019 во Бризбен
11 октомври - 12 октомври 2019 во Оукланд (Нов Зеланд)
13 октомври - 15 октомври 2019 во Перт

3. За поднесени барања во периодот од 15 септември до 15 октомври 2019 година:

01 декември - 06 декември 2019 во Мелбурн
07 декември - 12 декември 2019 во Канбера
13 декември – 14 декември 2019 во Вологонг
15 декември – 16 декември 2019 во Сиднеј
17 декември – 18 декември 2019 во Њу Касл
19 декември – 20 декември 2019 во Бризбен
21 декември – 22 декември 2019 во Перт
22 декември – 23 декември 2019 во Аделајд

Европа

Врачување на изработени патни исправи во Европа

1. За поднесени барања во периодот 1 март - 31 март 2019 година:

01 јуни - 02 јуни 2019 во Стокхолм
03 јуни 2019 во Гетеборг
04 јуни 2019 во Малме
05 јуни - 06 јуни 2019 во Копенхаген
07 јуни 2019 во Хаг
08 јуни - 09 јуни 2019 во Брисел
10 јуни - 11 јуни 2019 во Лондон
12 јуни - 13 јуни 2019 во  Париз
14 јуни - 15 јуни 2019 во Берн
16 јуни - 17 јуни 2019  во Рим
18 јуни - 19 јуни 2019 во Венеција
20 јуни - 21 јуни 2019 во Берлин
22 јуни - 26 јуни 2019 во Бон
27 јуни - 28 јуни 2019 во Минхен
29 јуни 2019 во Љубљана
30 јуни 2019 во Виена
     

2. За поднесени барања во периодот 1 јуни - 30 јуни 2019 година:

15 септември - 16 септември 2019 во Стокхолм
17 септември 2019 во Гетеборг
18 септември 2019 во Малме
19 септември - 20 септември 2019 во Копенхаген
21 септември 2019 во Хаг
22 септември - 23 септември 2019 во Брисел
24 септември - 25 септември 2019 во Лондон
26 септември - 27 септември 2019 во Париз
28 септември - 29 септември 2019 во Берн
30 септември - 01 октомври 2019 во Рим
02 октомври - 03 октомври 2019 во  Венеција
04 октомври - 05 октомври 2019 во Берлин
06 октомври - 11 октомври 2019 во Бон
12 октомври - 13 октомври 2019 во Минхен
14 октомври 2019 во Љубљана
15 октомври 2019 во Виена

3. За поднесени барања во периодот од 15 септември до 15 октомври 2019 година:

01 декември 2019 во Стокхолм
02 декември 2019 во Гетеборг
03 декември 2019 во Малме
04 декември 2019 во Копенхаген
05 декември 2019 во Хаг
06 - 07 декември 2019 во Брисел
08 декември 2019 во Лондон
09 декември 2019 во Париз
10 - 11 декември 2019 во Берн
12 декември 2019 во Рим
13 декември 2019 во Венеција
14 - 15 декември 2019 во Берлин
16-  20 декември 2019 во Бон
21 декември 2019 во Минхен
22 декември 2019 во Љубљана
23 декември 2019 во Виена

При врачувањето на патните исправи, државјаните на Република Македонија задолжително треба да покажат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето што поднесува барање за пасош)

Доколку е извршена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност сè уште не е поминат или оштетен пасош, при врачување на новиот пасош, задолжително се поднесува и стариот пасош заради негово поништување.


Информација за поднесување на барања за патни исправии нивно издавање може да се добие и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија на:

  • телефон: +389 2 3133 062,
  • мобилен телефон: +389 75 350 938 или на
  • e– mail адреса: [email protected]

Министерството за надворешни работи напоменува дека во зависност од интересот на македонските државјани во странство за добивање патни исправи преку дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, во текот на годината е можно во случај на потреба (доколку има доволен број барања за патни исправи) да бидат опфатени и други градови во рамките на утврдените термини, кои исто така доколку има потреба, можат евентуално да претрпат и соодветни измени, за што граѓаните на Република Македонија ќе бидат навремено информирани.

 

Патна исправа на државјанин на Република Македонија што живее во странство може да биде издадена во следниве дипломатско-конзуларните претставништва:

Мелбурн, Канбера, Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, Бон, Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Берн, Лондон, Париз, Венеција, Виена и Љубљана.

Мобилни станици за администрирање патни исправи престојуваат во овие претставништва трипати годишно.

Распоредот на мобилните услуги и контактите до релевантните дипломатско-конзуларни претставништва е достапен на:

Распоред нa мобилни услуги во дипломатско-конзуларните претставништва >>

 

[ ! ] 1. ИЗДАВАЊЕ ПАТНА ИСПРАВА [...]

1. ИЗДАВАЊЕ ПАТНА ИСПРАВА

Согласно законската процедура, секој државјанин на Република Македонија, пред да поднесе барање до едно од надлежните дипломатко–конзуларно преставништва на Република Македонија, потребно е претходно да го најави својот интерес за добивање патна исправа. Кон барањето за издавање патна исправа, потребно е да се приложат следниве документи:

Првпат издавање патна исправа

  • Уверение за државјанство на РМ
  • Извод од Матичната книга на родените
  • Документ за идентификација издаден од надлежен орган во РМ или земјата на приемот
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)

Редовна замена

  • Старата патна исправа со изминат рок
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)

Дупликат патна исправа (поради губење, кражба или исчезнување)

  • Уверение за државјанство на Р. Македонија
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)
  • Извод од Матичната книга на родените
  • Документ за идентификација издаден од земјата на приемот или од Р. Македонија (лична карта и сл.)
  • Потврда од полиција (преведена на македонски јазик) дека е пријавен пасошот за украден, изгубен или исчезнат
  • Лична изјава потпишана од странката дека патната исправа е изгубена, украдена или исчезната
  • Објавување на изгубената, украдената или исчезнатата патна исправа во Службен весник на РМ (може лично да се објави или да го сторат тоа роднини во градот на подрачната единица на МВР каде што е издадена патната исправа).

Предвремена замена (поради оштетеност, пополнетост, промена на лични податоци и др.)

  • Приложување на оригиналната патна исправа во ДКП на Република Македонија
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)
  • Стариот валиден пасош се одзема и се доставува на проверка во МВР
  • Доколку се бара издавање нова патна исправа, а старата валидна патна исправа е со важност над 1 година во моментот на поднесување на барањето, старата важечка патна исправа се одзема и се доставува на проверка во МВР
  • Доколку се бара издавање нова патна исправа со промена на личните податоци, по барањето не се постапува доколку од страна на подносителот на издавањето на пасошот не се извршени промените на личните податоци во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и не се внесени во системот на мобилната станица

Поднесување барање за издавање патна исправа на малолетни лица

При поднесување барање за издавање патна исправа на малолетно лице, неопходно е присуство на двајцата родители во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија и извод од Матичната книга на родените на детето, со што ќе се потврди законскиот идентитет на родителите.

Доколку еден од родителите е спречен да присуствува, потребно е претходно да се приложи полномошно заверено во дипломатско-конзуларно претставништво на Р. Македонија, со кое едниот родител го овластува другиот родител во негово име да поднесе барање за издавање патна исправа за детето.

Доколку се работи за поднесување барање за издавање патна исправа за малолетно лице од разведени родители, потребно е родителот што е единствен старател на детето да приложи решение од местен надлежен суд дека е прогласен за единствен старател на детето.

Доколку бракот е склучен во странство и разводот е извршен во странство, пресудата треба претходно да биде преведена на македонски јазик и верифицирана од надлежен орган во Р. Македонија.

Доколку се работи за поднесување барање за малолетно лице за кое во изводот од Матичната книга на родените (ИМКР) во графата не е наведен еден од родителите (таткото), потребно е при поднесувањето на барањето да се приложи само ИМКР за детето.

[ ! ] 2. ИЗДАВАЊЕ ПАТЕН ЛИСТ [...]

2. ИЗДАВАЊЕ ПАТЕН ЛИСТ

Патен лист се издава на македонски државјани на кои рокот на важење на патната исправа е истечен, или патната исправа е оштетена, изгубена или украдена. Исто така, патен лист може да се издаде за новородено дете за кое сè уште нема извадено македонска патна исправа, а треба итно да патува за Република Македонија.

Листа и мапа со најблиското дипломатско-конзуларно претставништво на Република Македонија може да најдете во делот дипломатска мрежа на оваа веб страна.

Потребни документи за издавање патен лист:

  1.  Лично пополнето барање за издавање патен лист (за малолетни лица барањето го поднесуваат лично двајцата родители или едниот родител што е законскиот старател).
  2. Една фотографија со димензии 3,5 см х 4,5 см
  3. Доказ за идентитет (важечки македонски или странски документ со фотографија во оригинал). Доколку не се приложи документ за потврда на идентитетот, тој може да биде потврден со заверена изјава од сведоци, а патниот лист се издава врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
  4. Доказ за државјански статус (важечка лична карта, пасош или оригинал Уверение за државјанство на Република Македонија). Доколку не биде приложен доказ за државјански статус, патниот лист може да се издаде врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
  5. Доказ за платена конзуларна такса во висина од 30,00 евра, доколку патниот лист се издава без согласност, односно 36,00 евра, доколку патниот лист се издава врз основа на согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. За државјаните со друга национална валута од еврото, таксата се плаќа во соодветната национална валута.
  6. За некои држави, покрај патен лист, потребно е да се достави и потврда од надлежните органи дека патната исправа е изгубена или украдена.

Важна информација:

Патниот лист е патна исправа што исклучиво служи за враќање во Република Македонија и има рок на важење 30 дена од денот на нејзиното издавање. Пред да патувате за Република Македонија, проверете во дипломатско-конзуларните претставништва на земјите што ќе ги транзитирате дали е потребно претходно добивање виза.

 

Конзуларни услуги