Соопштенија

Соопштенија до јавноста

На покана на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, денеска, Министерот Димитров учествуваше на панел дискусија насловена „НАТО - повеќе од Алијанса за стабилност и безбедност“, што се одржа во Собранието на Република Македонија.

MNR Dimitrov

Настанот беше поддржан од Министерството за одбрана и Евро-Атлантскиот совет на Македонија, кој се одржува во рамките на официјалната посета на министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец.

SRM 0754

Во своето излагање на панелот, министерот Димитров ја акцентираше важноста од интеграцијата на земјата во Алијансата, како наша долгорочна стратешка цел и визија на многу македонски генерации, земјата да биде дел од големото европско и евро-атлантско семејство, безбедносно сигурна, економски просперитетна и политички стабилна.

SRM 0757

Во оваа прилика МНР Димитров, истакнувајќи ги придобивките од членството на земјата во Алијансата, го пренесе своето уверување дека со нашето членство во НАТО, дополнително ќе се зајакне безбедноста и стабилноста на земјата, а ќе послужи и како позитивен пример во регионот, директно придонесувајќи за регионалната безбедност и стабилност: „ Членството во НАТО, покрај стабилност, предвидливост, сигурност, значи и семејство на вредности. Да се биде моќна држава не значи само да се има моќна армија, туку силна демократија и силни институции, кои ќе го насочуваат компасот во вистинскиот правец.”

SRM 0755

На панел дискусијата говореа и заменик претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, а се обратија и Министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец како и амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.

Скопје, 21 јануари 2019 г.

Денес, министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари средба со министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

slo2

На пленарните разговори меѓу делегациите беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, а се разговараше и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

slo5

МНР Димитров го запозна МО Ерјавец со процесот на спроведување на Конечната спогодба со Грција и претстојните чекори на овој план. Тој истакна дека Република Македонија од секогаш ја уживала безрезервната поддршка од Република Словенија во исполнувањето на своите надворешно политички приоритети, особено на планот на интеграцијата во НАТО, посочувајќи ја важноста на словенечката  амбасада во Скопје, која од оваа година е контакт амбасада за НАТО.

 МО Ерјавец  упати честитки  до МНР Димитров и Владата на Република Македонија за направениот исчекор на земјата од нивното стапување на функција и нагласи дека Словенија го поддржува НАТО интегративниот процес на Република Македонија и дека ќе направи се’ за тој процес да биде успешен. Министерот Ерјавец ја потврди традиционално добрата соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, како и подготвеноста на Република Словенија за натамошно пренесување на словенечките искуства од пристапувањето кон ЕУ.

НАПОМЕНА: на следниве линкови може да ги преземете видео инсертите од пречекот и пленарните разговори: https://we.tl/b-hA9GI6SuZF  https://we.tl/b-ga6fUA4fOf

Скопје, 21 јануари 2019 г.

На последниот ден од работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров, положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк и во име на Република Македонија, оддаде почит на таткото на Република Турција, заокружувајќи ја својата посета. 

DSC 0013

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гана за Република Македонија, со седиште во Прага,  Н.Е. г-ѓа Вирџинија Хесе.


Гана

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Уганда за Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Елизабет Паула Напејок.

Уганда

 

За време на средбата и разговорите водени во таа прилика, државниот секретар Димовски и посака добредојде на амбасадорката на оваа пријателска држава од Африка, пренесувајќи ја целосната подготвеност на македонската страна за продолжување и продлабочување на односите и соработката со Република Уганда во сите сфери од заемен интерес. Димовски информираше за приоритетите на Република Македонија на меѓународен план, а беа разменети  и мислења за актуелни  регионални и меѓународни прашања.

Уганда 2

 

Амбасадорката Напејок го истакна интересот на нејзината земја за воспоставување на соработка на економски план и посебно во областа на трговијата и туризмот, како и за отпочнување на универзитетска соработка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 17 јануари 2019 година, државниот секретар во Mинистерството за надворешни работи, Виктор Димовски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Суверениот воен болнички ред на Свети Јован од Ерусалим, Родос и Малта за Република Македонија со седиште во Рим, Франческо Саверио Џусти.

 

Малта

Денес во Министерството за надворешни работи, државниот секретар Виктор Димовски ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Естонија во Република Македонија, со седиште во Будимпешта, Кристи Карелсон.

Естонија

 

Во оваа прилика, државниот секретар Димовски ѝ посака успешна мисија на новата естонска амбасадорка, изразувајќи уверување дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Естонија.

Естонија 2

 

Амбасадорот Карелсон се заблагодари за поддршката и изрази подготвеност за зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес и натамошно зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји.

На средбата се разговараше и за досегашната билатерална и мултилатерална  соработка и можностите за нејзино унапредување. Притоа, беа истакнати приоритетите на Република Македонија во рамките на внатрешната и надворешната политика и беа разменети  мислења за актуелни регионални и меѓународни прашања

Во рамки на работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Бинали Јилдирим, а претстојат средби со министерот за одбрана, Хулуси Акар и високи претставници во Кабинетот на претседателот Ердоган.

Dimitrov Yildirim

Денес, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, му беше предадена Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) И 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Конечната спогодба) се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба и дека Собранието на Република Македонија на 11 јануари 2019 г. ја усвои Oдлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија и Одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

ptici mnr

 

 

 

 

 

 

                Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе оствари работна посета на Република Турција од 16-ти до 18-ти јануари 2019 година, при што, покрај со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, предвидено е да има средби и со други високи државни претставници на Турција, како со министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и средба во Големото народно Собрание на Република Турција. 

ptici mnr

Конзуларни услуги