Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Информираме дека од денес (вторник, 22 октомври 2019 година), нов Државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е Зоран Попов.

Тој е професионален дипломат од 1998 година, кој најголем дел од својата дипломатска кариера во Министерството ја поминал во Директоратот за Европска Унија, а бил упатен и на мандат во Мисијата при ЕУ во Брисел. На должноста Државен секретар во МНР доаѓа од Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево, каде од 2016 до 2019 год. работел како виш политички советник. Магистер е по меѓународни односи на Универзитетот Вестминстер во Лондон.

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во својство на личен претставник на претседателот на државата и официјален претставник на Владата на Република Северна Македонија, учествува на церемониите за интронизација на Императорот Нарухито што се одржуваат денеска и утре во Токио.

 

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на работната посета на Брисел оствари засебни средби со европратениците: Михаел Галер (ЕПП, Германија), Кати Пири (СД, Холандија) и Дубравка Шуица (ЕПП, Хрватска).

 

Денес, активностите на министерот за надворешни работи Никола Димитров продолжија во Луксембург со учество на состанокот на Министрите од земји-членки на ЕУ кои се дел од групата PES (Партија на европските социјалисти), којшто се одржа непосредно пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ, а со кој претседаваше германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.

Денес, во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Никола Димитров за прв пат се обрати пред  новиот состав на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, формиран по европските избори одржани во мај 2019 година. МНР Димитров се заблагодари до претседавачот на Комитетот, Дејвид Мекалистер за можноста да се обрати пред срцето на европската демократија, како и на останатите европратеници за досегашната конзистентна и видлива поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Конференцијата со почесните конзули, со свое воведно излагање, ја отворија министерот за економија, Крешник Бектеши и заменик-министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски.

 

По повод одбележувањето на националниот празник 11 Октомври, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денес, по 23-ти пат го организираше традиционалниот дипломатски тениски турнир на терените на тенискиот клуб Евросет во Скопје. 

 

Северна Македонија ја поздравува конзистентната поддршка на Република Бугарија за проширување на Европската Унија кон земјите на Западен Балкан. Исто така, сметаме дека почитувањето на Договорот за добрососедство од двете страни ќе биде важен чекор во контекст на пристапните преговори со ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вчера вечер во Штип, учествуваше на панел дискусија насловена „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО“ која се одржа во рамки на „НАТО Караванот“, во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции. На панелот, покрај министерот Димитров, зборуваше и амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри.

 

Конзуларни услуги