Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Во рамки на досегашните активности од првиот ден од работната посета на Берлин (14 мај 2019 год.), министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари работни средби со Михаел Рот, министер за Европа во Германското МНР, д-р. Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Меркел и Матин Хакверди, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на СПД.

Во Скопје се одржаа политички консултации на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Турција, предводени од државниот секретар, Виктор Димовски и заменик министерот за надворешни работи, Фарук Кајмакџи. 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров ќе престојува во дводневна работна посета на Берлин.

ptici mnr

Во понеделник 13 мај со почеток во 11.30 часот Заменик министерот Андреј Жерновски ќе учествува на свеченото одбележување на 20 години од мисијата на Мегународната организација за миграции – ИОМ во земјава. Република Северна Македонија стана членка на Меѓународната Организација за Миграции во 2014 година, a претходно имаше статус на земја-набљудувач.

 

Денеска (12 мај 2019 година) министерот Никола Димитров се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос кој во име на грчката Влада присуствуваше на инаугуративната церемонија на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, оствари средба со новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дудзиак.

 

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, учествуваше на Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско-Јонската Иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва, на 8 мај 2019 година.

 

Слободното, непристрасно и објективно медиумско известување претставува еден од клучните столбови на секое демократско општество. Според член 16 од нашиот Устав, основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Венеција ќе се обрати на отворањето на македонскиот павилјон во рамките на 58то Венециско ликовно биенале. Национален претставник на нашата држава оваа година е проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров  оствари средба со шефовите на набљудувачките мисии на штотуку завршените претседателски избори - на парламентарните собранија на ОБСЕ, г-ѓа Серен Моборњ, и на Советот на Европа, г-ѓа Мари-Кристин Далоз, како и со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, г-ѓа Корнелија Јонкер.

 

Конзуларни услуги