Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерот Никола Попоски денеска положи цвеќе на гробот на вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Претседателот Трајковски трагично загина на 26 февруари 2004 година кога авионот во кој патуваше падна во Ротимље, близу Мостар.

 

Денес министерот Попоски беше во работна посета на Европскиот парламент. Беа реализирани средби со европратеници во контекст на усвојување на резолуцијата за Република Македонија. Европскиот парламент и овојпат, деветти по ред, бара започнување на пристапни преговори за членство во Европската унија. 

Денес, пред колегиумот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се одржаaЗавршни разговори на Сашо Марковски и Тони Димовски, пред нивните упатувања на должност вонредни и ополномоштени амбасадори на нашата држава во Германија, односно Канада.

Денеска во Тирана, Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
 

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора г. Игор Лукшиќ, на покана на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска престојуваше во еднодневна официјална посета на Република Македонија.
 

Денеска, на 20 февруари  2015 година, во Скопје се одржа седмата средба на работните групи од  министерствата за надворешни работи на Република Македонија  и Република Бугарија  во врска со консултациите по договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
 

Во рамки на програмата за посета на регионот, претседавачот со ОБСЕ и воедно министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ оствари посета на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

 

На 17 февруари 2015 година во Хаг се одржаа политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Холандија. Консултациите ги водеше Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Елена Кузмановска, додека од холандска страна Генералниот директор за европски прашања Роберт де Грот и Заменик Генералниот директор за политички прашања, Андре Хаспелс.

Република Македонија најостро ја осудува егзекуцијата на 21 христијански копти од Египет од страна на ИСИС на територијата на Либија.

Чинот кој беше извршен на 15.02.2015 е нечовечен и варварски. Борбата против глобалниот тероризам останува високо на приоритетите на Република Македонија.

Република Македонија сочувствува со семејствата на загинатите.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска оствари средба со делегација од Парламентарната група за соработка со земјите од Југоисточна Европа при германскиот Парламент, предводена од претседателот, г. Петер Вајс, во рамки на нивната дводневна работна посета на Република Македонија.

Конзуларни услуги