Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерот Попоски денеска прими група од петнаесет стажанти, со потекло од различни европски земји, кои стажираат во директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување при Европската Комисија.
Најголем дел на стажантите дипломирале на престижниот Колеџ на Европa.

Денеска во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа шестиот состанок на Меѓуресорското тело за човекови права со кое претседаваше министерот за надворешни работи, Никола Попоски, а во чиј состав се државните секретари на ресорните министерства, директори на релеванти агенции и претседатели на независни тела за човекови права.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Попоски денес го прими новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н. Е. г. Џес Бејли, кој му ги предаде копиите на акредитивните писма за неговото именување.

 Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, учествуваше на 51-та Минхенска безбедносна конференција која се одржува во Минхен, Сојузна Република Германија.

 

 Министерот за надворешни работи на Република Македонија,Никола Попоски, денес оствари средба со Заменик-помошникот на Државниот секретар на Соединетите Американски Држави - Биро за демократија, човекови права и труд,  г. Томас Мелиа, кој престојува во работна посета на нашата држава. 

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денес беше домаќин на првата работна средба на Националните Координатори на ЦЕИ.

  

Министерството за надворешни работи на Република Македонија  изразува  длабоко жалење за терористичките акти во Египет од 29 Јануари кои доведоа до повеќе жртви. Остро ги осудуваме терористичките напади во Северен Синај.

 

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше организирана четвртата по ред крводарителска акција.

 

На 27 јануари 2015 година, Mинистерот за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со Директорката на регионалната канцеларија на Отворените регионални фондови на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Александра Хилбиг.

 

По  повод одбележување на меѓународниот ден на холокаустот и 70 години од ослободувањето на Аушвиц , денес во просториите на Министерството за надворешни работи во заедничка организација на МНР, ИХРА (Меѓународна алијанса за сеќавање на Холокаустот), Институтот за национална историја од Скопје, Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија и Дипломатскиот клуб од Скопје, се одржа меѓународна конференција на тема “Дипломатијата и депортацијата на македонските евреи во 1943 година”.

Конзуларни услуги