Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски денес го прими во проштална посета амбасадорот на Република Куба за Република Македонија, со седиште во Софија, г-ѓа Тересита Де Хесус Капоте Камачо.

 

На покана на Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Грција Евангелос Венизелос, во рамки на Грчкото претседавање со Советот на Европската Унија, Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 8. мај 2014. година во Солун учествуваше на Министерската конференција Европска Унија – Западен Балкан.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски ја прими делегацијата на Групата за соработка со Македонија при Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, предводена од претседавачот на групата, Карен Лумли.

 

Амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора, Александар Василевски, предаде вредна донација од 130 тома од капиталната едиција „Македонска книжевност на англиски јазик„ на Народната библиотека „Радосав Љумовиќ„ во Подгорица.

 

Владата на Република Македонија денес ја поздрави пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во нејзиниот случај против Грција.

 

 

Конзуларни услуги