Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Во понеделник 13 мај со почеток во 11.30 часот Заменик министерот Андреј Жерновски ќе учествува на свеченото одбележување на 20 години од мисијата на Мегународната организација за миграции – ИОМ во земјава. Република Северна Македонија стана членка на Меѓународната Организација за Миграции во 2014 година, a претходно имаше статус на земја-набљудувач.

 

Денеска (12 мај 2019 година) министерот Никола Димитров се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос кој во име на грчката Влада присуствуваше на инаугуративната церемонија на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, оствари средба со новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дудзиак.

 

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, учествуваше на Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско-Јонската Иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва, на 8 мај 2019 година.

 

Слободното, непристрасно и објективно медиумско известување претставува еден од клучните столбови на секое демократско општество. Според член 16 од нашиот Устав, основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Венеција ќе се обрати на отворањето на македонскиот павилјон во рамките на 58то Венециско ликовно биенале. Национален претставник на нашата држава оваа година е проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров  оствари средба со шефовите на набљудувачките мисии на штотуку завршените претседателски избори - на парламентарните собранија на ОБСЕ, г-ѓа Серен Моборњ, и на Советот на Европа, г-ѓа Мари-Кристин Далоз, како и со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, г-ѓа Корнелија Јонкер.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров присуствуваше на отворањето на „Европските денови“, во организација на Институтот за меѓународни и политички студии, Скопје. Настанот што оваа година го прославува своето петто издание, со различни активности го одбележува 9ти мај – Денот на Европа, со кој Европската Унија го слави мирот и единството на нашиот континент.

Во Музејот за современа уметност се одржа традиционалната прослава по повод Денот на МНР - 29 април. Годинешната јубилејна прослава ја одбележа 50 годишнината од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 година, претходник на современото Министерство за надворешни работи, кое во 1991 год. на Денот на независноста ја презеде одговорноста за етаблирање на земјата како независна и суверена држава.

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров денес го прими Амбасадорот на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко.

Конзуларни услуги