Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Во рамките на одбележувањето на дваесет годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Словачката Република, на 5 јули 2014 година, македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов на свечена церемонија во Катедралата Свети Кирил и Методиј во Техрова подари резбарени икони од градот Охрид, на авторот Драган Нелковски.

Министерот Никола Попоски вечерва ги покани шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва и претставништва на меѓународни организации акредитирани во Република

Македонија на неформална средба со членовите на новата Влада во Република Македонија.

Денес, Министерот Попоски одржа работен ручек на покана на Почесните конзули на странски држави во Република Македонија по повод новиот мандат и повторниот избор на функцијата Министер за надворешни работи.

 

Денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, оствари средба со амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Амбасадорот Брет го честиташе изборот на новата влада посака продолжување на успешната соработка. Тој информираше за неговиот претстоен настап пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена (24 јуни), на кој ќе го презентира Годишниот извештај за работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Норвешка во Република Македонија со седиште во Белград, Нилс Рагнар Камсвог.

 

Денес, првиот амбасадор на Нов Зеланд за Република Македонија, беше примен од министерот за надворешни работи Никола Попоски. На средбата беше искажано задоволството од отворените разговори меѓу Министрите Попоски и Мари Меккали во Њујорк минатата година и првичниот безрезервен ангажман за акредитација на амбасадор на Нов Зеланд за Република Македонија.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски денес го прими во проштална посета амбасадорот на Република Куба за Република Македонија, со седиште во Софија, г-ѓа Тересита Де Хесус Капоте Камачо.

 

На покана на Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Грција Евангелос Венизелос, во рамки на Грчкото претседавање со Советот на Европската Унија, Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 8. мај 2014. година во Солун учествуваше на Министерската конференција Европска Унија – Западен Балкан.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски ја прими делегацијата на Групата за соработка со Македонија при Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, предводена од претседавачот на групата, Карен Лумли.

 

Амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора, Александар Василевски, предаде вредна донација од 130 тома од капиталната едиција „Македонска книжевност на англиски јазик„ на Народната библиотека „Радосав Љумовиќ„ во Подгорица.

 

Конзуларни услуги