Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Во периодот од 17-21 ноември 2014 година се одржува работилница од областа на Меѓународното хуманитарно право. Работилницата е во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Институтот за меѓународно хуманитарно право од Сан Ремо и Амбасадата на Италијанската Република во Скопје. 

На 12 ноември 2014 година Министерот Попоски оствари средба со комесарот за Европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 11ноември 2014 година имаше неформални разговори со претставниците на земјите-членки на ЕУ во Советот на ЕУ.

 

Денес во Прилеп и Битола со заеднички церемонии се обележа денот на примирјето од Првата светска војна 11 ноември.

 

 

На 10.11.2014 г., првиот амбасадор на Република Македонија во Обединетите Арапски Емирати, Сашо Ташевски ги предаде акредитивните писма на Н.В. Шеикот Мохамед Бин Рашед Ал Мактоум, потпретседател и Премиер на Обединетите Арапски Емирати.

 

Денес во седиштето на НАТО во Брисел, новоименуваниот Амбасадор на Република Македонија при НАТО, Зоран Дабиќ, оствари прва средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на која ги предаде акредитивните писма.

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими амбасадорот на Државата Израел во Република Македонија со седиште во Ерусалим г. Дан Орјан.

 

Министерот Попоски денеска отствари средба со Штефан Лене, надворешен предавач во институтот Карнеги во Европа во Брисел. Централната тема на разговорите беше европската агенда на Република Македонија со фокус на реформските процеси на земјите од Западен Балкан.

Денеска, 10 ноември 2014 година, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа промотивен настан за можностите за учество на субјекти од Република Македонија во програмите на Меѓународниот Вишеградски Фонд за соработка со земјите од Балканот наменети за невладините организации и администрацијата.

 

Денес министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс кој се наоѓа во дводневна работна посета на Република Македонија.

Конзуларни услуги