Соопштенија

Соопштенија до јавноста

 

 

Поради зголемениот број случаи на заболени од смртоносниот вирус ебола, Министерството за надворешни работи на Република Македонија на своите граѓаните им советува да се воздржат од патување во Сиера Лионе, Либерија и Гвинеја.

 
Министерот за надворешни работи, г-дин Никола Попоски го прими денеска Генералниот секретар на Светската туристичка организација, г-дин Талеб Рифаи, кој престојува на покана на министерот Попоски во официјална посета на Република Македонија 

Денеска, 29 јули 2014 г., министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски го прими личниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации и Посредник во спорот околу името помеѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц, кој престојува  во работна посета на нашата земја.
 

Средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски со амбасадорот на Република Финска во Република Македонија Тимо Рајакангас
 
 

Средба на заменик министер за надворешни работи, Драгана Кипријановска со Н.Е.г-дин Тарит Чарунгват (THARIT CHARUNGVAT), новоименуван вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Тајланд во Република Македонија, со седиште во Анкара 

 

  Министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини, на 25 јули 2014 година престојуваше во еднодневна посета на Република Македонија, остварувајќи средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија,Никола Попоски, пред планираните средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со претседателот на Владата, Никола Груевски и со вице-премиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Апостолски нунциј за Република Македонија со седиште во Софија, Надбискуп Анселмо Гвидо Пекорари.
 

Во рамките на престојот во Брисел, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски оствари средбa со Алојз Петерле (ЕПП, Словенија), член на Европскиот парламент, и нов ко-претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет.

 

Денес, по повод отворањето на Унгарската Трговска Куќа во Скопје, министерот за надворешни работи, Никола Попоски имаше свое обраќање.

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска, го прими на проштална средба вонредниот и ополномоштен амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Гудрун Елизабет Штајнакер.

 

Конзуларни услуги