Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во четврток 25-ти септември, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, се сретна со неколку свои колеги, а учествуваше и на средби чиј фокус е југоисточна Европа.

 

Министерот за надворешни работи, г-динот Никола Попоски, денеска се сретна со Министерот за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург, г-динот Жан Аселборн. Луксембург ќе претседава со Советот на Европската Унија во втората половина од идната година. Министерот Аселборн најави дека земјите од Западен Балкан ќе бидат на агендата.

Министерот за надворешни работи, г-динот Никола Попоски, денеска имаше предавање на Универзитетот Харвард, во Кембриџ, Масачусетс, САД. Темата на предавањето е: “Перспективи за Евро-атлантска интеграција на Западниот Балкан.” Тој потенцираше дека регионот на Западен Балкан е фокусиран на раст и развој, на инфраструктурно поврзување, на мирна соработка кон подобра заедничка иднина. Всушност, тоа е и Европскиот проект.

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше повикан заменик амбасадорот на САД во Република Македонија,

 

 

Денеска, 19 септември 2014 година, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рамон Абароа Каранза.  

Денес, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се одржа завршен разговор со д-р Васко Наумовски, пред неговото упатување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Соединетите Американски Држави.Разговорот го водеше министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски го прими директорот за Западен Балкан и проширување во Британскиот Foreign Office, Овен Џенкинс.

 

Првиот потпретседател на Владата на Република Србија и Министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ на покана на министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Попоски на 15 септември оствари еднодневна официјална посета на Република Македонија.

 

На 01 септември 2014 година амбасадорот Игор Есмеров ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Унгарија Јанош Адер, за негово назначување за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Унгарија.

 

Конзуларни услуги