Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Вечерва, министерот за надворешни работи, Никола Попоски се обрати на младите учесници од повеќе земји, кои зедоа учество на меѓународна програма на Институтот за создавање на глобални лидери, која и овој пат се оддржа во Македонија.

 

Денес, заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска го прими новоименуваниот амбасадор на Државата Израел во Република Македонија, со седиште во Ерусалим Н.Е. Дан Орјан.

 

Денеска, во 11 часот во хотелот “Десарет”, во Охрид, заврши Летниот камп 2014 “Ја сакам Македонија”, во организација на Министерството за надворешни работи. На истиот учествуваа 100 деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседните држави на Република Македонија, балканските земји и дијаспората.

Во рамките на проектите реализирани од страна на Министерството за надворешни работи, е и Летниот камп – 2014 “Ја сакам Македонија”. 

 

Денес, Заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска оствари средба со Шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, Амбасадорот Теохарис Лалакос.

 

Денес, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Драгана Кипријановска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Германија, Кристине Алтхаузер.

 

Денес, Амбасадорот на Грција во Република Македонија, Н.Е.Теохарис Лалакос, беше повикан во Министерството за надворешни работи, при што му беше врачена протесна нота по повод последната акција на Специјалните сили на Армијата на Грција за време на заедничка воена вежба со Армијата на Кипар во јули 2014, при која се скандираат провокативни пароли и преовладува говор на омраза.

По повод 111 годишнината од Илинденското востание и 70 годишнината од првото заседание на АСНОМ, денес во Скопје министерот за надворешни работи Никола Попоски , како претставник на владината делегација, положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ, Никола Карев и Методија Андонов-Ченто.

 

Поради влошувањето на безбедносната состојба и интензивирањето на вооружениот конфликт во Либија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија на своите граѓаните им советува да се воздржат од патување во оваа земја.

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими на работна средба амбасадорот на Словачката Република во Република Македонија, Мартин Безак.

 

Конзуларни услуги