Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров присуствуваше на отворањето на „Европските денови“, во организација на Институтот за меѓународни и политички студии, Скопје. Настанот што оваа година го прославува своето петто издание, со различни активности го одбележува 9ти мај – Денот на Европа, со кој Европската Унија го слави мирот и единството на нашиот континент.

Во Музејот за современа уметност се одржа традиционалната прослава по повод Денот на МНР - 29 април. Годинешната јубилејна прослава ја одбележа 50 годишнината од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 година, претходник на современото Министерство за надворешни работи, кое во 1991 год. на Денот на независноста ја презеде одговорноста за етаблирање на земјата како независна и суверена држава.

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров денес го прими Амбасадорот на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко.

Денеска во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа состанок на Меѓуресорското тело за човекови права, со кое претседава министерот Димитров, а во чија работа се вклучени државните секретари на ресорните министерства и раководните лица на релеванти институции и на независните тела за човекови права.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја заокружи работната посета на Хаг, Кралството Холандија со средба со холандскиот колега, министерот за надворешни работи Стеф Блок.

 

Во рамки на досегашните активности од првиот ден на работната посета (24 април 2019 година) на Хаг, Кралството Холандија, министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари средби со Мајкл Стибе, дипломатски советник за Европа во Канцеларијата на холандскиот Премиер, Питер Омзихт и Клас Дајкоф, пратеници во Долниот дом на Холандскиот Тведе Камер (Парламент), како и со поранешниот министер за надворешни работи Берт Кундерс и поранешната холандска амбасадорка во Република Северна Македонија и актуелна амбасадорка за човекови права во МНР на Холандија, Мариет Шурман. 

На 24 и 25 април 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров ќе престојува во работна посета на Хаг, Кралство Холандија.

 

Денес, 22 април 2019 година, министерот за надворешни работи, Никола Димитров го прими новиот амбасадор на Црна Гора, Марија Петровиќ, која ги предаде копиите на акредитивните писма за нејзиното именување за вонреден и ополномоштен амбасадор на Црна Гора во Република Северна Македонија.

 

При предавањето на копиите од акредитивните писма, денес, министерот Никола Димитров ѝ посака топло добредојде на г-ѓа Нарине Сахакјан, новоименуваниот Постојан претставник на УНДП во Република Северна Македонија.

 

На 15 и 16 април, во работна посета на Република Северна Македонија, престојува заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора, Теренс Николаос Куик.

 

Конзуларни услуги