Соопштенија

Соопштенија до јавноста

На покана  на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денес (26 и 27 февруари 2019г.), во работна посета на Република Северна Македонија престојуваше Гент Цакај, овластен министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

 

На 26 и 27 февруари 2018 година во Софија, Република Бугарија се одржа редовниот состанок на Мешовитата комисијата за чување, одржување, обновување и обележување  на  граничната линија и граничните ознаки на државната граница.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес го прими во проштална средба aмбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Џес Бејли.

 

Денеска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, оствари средба со Натали Лoазо, министерка за европски прашања на Француската Република, која престојува во прва работна посета на Република Северна Македонија.

 

Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со естонскиот заменик министер за европски прашања Мати Масикас.

Средбата следеше по одржаните ЕУ консултации меѓу двете земји во Министерството за надворешни работи. На средбата се разговараше за евро-атлантската агенда на Република Северна Македонија и предизвиците на процесот на проширување на ЕУ во следните неколку месеци.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во име на Владата на Република Северна Македонија и министерството, денеска ја предводеше панел дискусијата на тема „Лидерство засновано на вредности - од принципи до реализација“, организирана по повод одбележувањето на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, во соработка со Меѓународната фондација Борис Трајковски.

На покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, денес, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, престојуваше во официјална посета на Република Бугарија.

 

On 14 February 2019, following an agreement with Greece, the name of our country changed. You can read the agreement here. Still, exactly how to describe us can be confusing! What follows is an explanation of what we have agreed in Prespa and how to describe us, our country and our institutions:

Имајќи ја предвид неодамнешната промена на официјалното име на Северна Македонија, доставуваме водич што би се користел при давање опис за нашата земја согласно Договорот од Преспа. Најљубезно молиме да ги употребувате следните термини:

Заменик  министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со вршител на работите Резидентен координатор на ОН и Претставник на UNICEF во Република Северна Македонија, Бенџамин Перкс.

 

Конзуларни услуги