Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов денес оствари средба со амбасадорот на Хеленската Република во Северна Македонија, Димитрис Јанакакис на која беа разменети мислења за состојбата и напредокот во билатералните односи, за Регионот, како и за неговата европска перспектива по последниот Европски совет.

Денеска, 15 ноември 2019 г. во Скопје, се одржаа првите политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Грузија, предводени од замениците министри на двете земји, Андреј Жерновски и Вакхтанг Макхароблишвили.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните нерезидентни амбасадори за Република Северна Македонија на Република Латвија (со седиште во Прага) Гунта Пасторе, на Големото Војводство Луксембург (со седиште во Луксембург) Филип Донкел и на Ирска (со седиште во Букурешт) Пол МекГери.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија Хајко Мас, во рамки на денешната негова официјална посета на Република Северна Македонија.

 

По четири годишна пауза, денеска во Загреб се одржа 5-от состанок на Постојаниот мешовит комитет за примена на Спогодбата за сукцесија на поранешна СФРЈ, на којашто Високите претставници од државите сукцесори ја анализираа примената на сите анекси кои се составен дел на Спогодбата и ги разгледаа другите релевантни прашања во врска со овој процес, а особено прашањата за поделба на средствата во мешовитите банки.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“ организиран од Светскиот економски форум во Женева, денес оствари средба со МНР на Шпанија, Жозеп Борељ, номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 7 и 8 ноември 2019 година е во работна посета на Женева, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, а со цел учество на состанокот организиран од Светскиот економски форум на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан.“

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, присуствува на состанокот што го организира Светскиот економски форум во Женева, на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан“.

 

На 7 ноември 2019, Државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Зоран Попов ја прими амбасадорката на Црна Гора во Северна Македонија г-ѓа Марија Петровиќ.

 

На 5 ноември 2019, во просториите на МНР се одржа средба меѓу државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Зоран Попов и амбасадорот на Република Бугарија во Северна Македонија г-дин Ангел Ангелов.

 

Конзуларни услуги