Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски, и Генералниот секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос, денеска во Солун остварија средба.

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров денес се потпиша во комеморативната книга отворена во Амбасадата на Јапонија во чест на Неговото Величество Нарухито, новиот Император на Јапонија.

 

Работната посета на Берлин министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, ја продолжи со учество на настан коорганизиран од страна на парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократите, Зелените и Либералите.

На 14 мај 2019 година во Тирана, Република Албанија, се одржа редовниот состанок на Главната мешовита комисија за одржување, обновување и одбележување на граничната линија меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Делегациите на двете земји беа предводени од државниот секретар, Виктор Димовски и генералниот секретар во албанското Министерство за надворешни работи, Газменд Барбалуши.

Во рамки на досегашните активности од првиот ден од работната посета на Берлин (14 мај 2019 год.), министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари работни средби со Михаел Рот, министер за Европа во Германското МНР, д-р. Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Меркел и Матин Хакверди, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на СПД.

Во Скопје се одржаа политички консултации на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Турција, предводени од државниот секретар, Виктор Димовски и заменик министерот за надворешни работи, Фарук Кајмакџи.

Во понеделник 13 мај со почеток во 11.30 часот Заменик министерот Андреј Жерновски ќе учествува на свеченото одбележување на 20 години од мисијата на Мегународната организација за миграции – ИОМ во земјава. Република Северна Македонија стана членка на Меѓународната Организација за Миграции во 2014 година, a претходно имаше статус на земја-набљудувач.

 

Денеска (12 мај 2019 година) министерот Никола Димитров се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос кој во име на грчката Влада присуствуваше на инаугуративната церемонија на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, оствари средба со новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дудзиак.

 

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, учествуваше на Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско-Јонската Иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва, на 8 мај 2019 година.

 

Конзуларни услуги