Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Преземено од Влада на Република Македонија

Заменичката претседателка на Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, и Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, одржаа прес конференција во Владата на Република Македонија, како членови на Комитетот за интеграција во НАТО, и членови на Работниот комитет за интеграција во НАТО, информираа за официјалниот старт на пристапните разговори на нашата земја со НАТО, во седиштето на Алијансата, кои ќе се одржат од 17 до 19 октомври.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска оствари средба со делегација од Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, предводена од Арјен Таселар, раководител за меѓународна соработка и проекти и Ханс Јонкир, одговорен за координирање на политиките за меѓународна соработка.

Почитувани граѓани, почитувани новинари, почитувани претставници на медиумите,

За да не се повторуваме ќе бидам многу краток. Цел четврт век помина од првата Декларација на Собранието, 1993 година кадешто сите политички фактори кажаа дека иднината на Македонија ја гледаат во НАТО. Последната анкета што ја видов, некои делови од неа мислам дека беа објавени во текот на вчерашниот ден, денес 84% од граќаните на Република Македонија иднината на својата татковина ја гледаат во НАТО алијансата. Ние сме ветерани во подготовки. Толку многу акциски планови имаме изработено во последниве години.

Државниот секретар во МНР Виктор Димовски во своето обраќање на 17 Самит на Меѓународната организација на Франкофонијата ја нагласи подготвеноста на Република Македонија активно да биде вклучена и да ги промовира принципите и вредностите на оваа втора по бројност меѓународна организација.

Во Астана, Република Казахстан се оддржаа политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Република Казахстан, што ги водеа замениците министри за надворешни работи на двете земји, Андреј Жерновски и Роман Василенко.

 

Државниот секретар во МНР Виктор Димовски ја предводи делегацијата на Република Македонија која учествува на 17-от Самит на Меѓунароната организација на Франкофонијата кој на 11 и 12 Октомври се одржува во Ереван, Ерменија.

 

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија – Никола Димитров имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ODIHR за Референдумот.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, учествува на министерската Конференција на Меѓународната организација на Франкофонијата која на 8 и 9 Октомври 2018 година се одржува во Ереван, Ерменија.

 

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатскиот клуб, на 6 октомври 2018 год., по 22-ри пат беше одржан Дипломатски турнир во тенис, кој традиционално се одржува по повод државниот празник „11 Октомври“.

 

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски,  денес го прими  амбасадорот  на  Народна Република Кина во РМ,  г-ѓа Јин Лисиен.

 

Конзуларни услуги