Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија одржаа брифинг пред Комисијата за ЕУ во Германскиот Бундестаг.

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, денес во Берлин, остварија средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во рамки на Министерството за надворешни работи на Германија.

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија остварија средба со Претседателката на Демохристијанската Унија (ЦДУ) на Германија, Анагрет Крамп Каренбауер.

 

Работната посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Берлин продолжи со средби (вчера, 9 април) во Канцеларијата на бундесканцеларката Меркел, со главниот советник за надворешна политика Јан Хекер, и заменикот главен советник за европски прашања, Франц Ноједер.

 

На 9 април 2019 г. во Подгорица, се одржаа политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Црна Гора, предводени од државните секретари Виктор Димовски и Зоран Јанковиќ.

 

Првиот ден од работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, го започна со брифинг со пратеничката група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот.

Министерот Димитров пред германските пратеници го презентираше постигнатиот успех во односите со соседите, пред се’ преку договорите со Грција и Бугарија, и понуди кус осврт на реформските резултати и очекувањата на земјата во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година.

Првата воена операција во историјата на НАТО беше извршена во нашиот регион во 1999 година, па така овој чекор во суштина ја проширува зоната на стабилност во регион што има потреба поголема стабилност и тоа нѐ прави сојузник на кој САД и другите сојузници можат да се потпрат. Носиме со нас и малку свежина во Сојузот затоа што долго време бевме надвор од него и знаеме колку студи надвор, па затоа сметам дека можеме да го внесеме тој ентузијазам и да го прошириме меѓу земјите-членки.

На денот кога Северноатлантската алијанса го прославува 70иот роденден, во градот каде што бил потпишан основачкиот Договор, Вашингтон, министерот Димитров учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО. За нас, како што рече министерот Димитров ова е посебен ден, бидејќи станува збор за прв состанок од ваков ранг, на кој, со подеднакво право на дискусија, учествува нашата држава.

Заменик министерот за надворешни работи, г-дин Андреј Жерновски,  оствари средба со Високиот комесар за националните малцинства на ОБСЕ, амбасадорот  Ламберто Заниер, кој престојува во дводневна посета на Република Северна Македонија.

 

На 3 и 4 април 2019 година во Приштина, Република Косово се одржа 16-от Состанок на Мешовитата експертска комисија за отварање на нов Заеднички Граничен премин меѓу Република Северна Македонија и Република Косово наменет за меѓународен патен сообраќај “Белановце-Станчиќ”.

 

Конзуларни услуги