North Macedonia in the World

North Macedonia in the World

На 14 март 2019 година, во Претседателската палата, новоменуваниот амбасадор на Република Северна Македонија Сузана Зеленковска ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Денеска, 26 февруари 2019 година, амбасадорот и постојан претставник на Република Северна Македонија при ОН, Игор Џундев ги предаде акредитивните писма на генералниот директор на Канцеларијата на Обединетите нации во Виена, Јури Федотов.

Денеска, 18 февруари 2019 година, амбасадорот и Постојан претставник на Република Северна Македонија при ОБСЕ, Игор Џундев ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на Организацијата амбасадорот Томас Гремингер.

 

Амбасадорот Данчо Марковски, вршител на работи во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, денес оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Гамоз Ручи. Тема на разговорот беа досегашните активности во процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, односно ратификацијата на Протоколот во националните парламенти на земјите членки на Алијансата.

На 26 септември 2018 година, со свечен прием во Токио беа одбележани Денот на независноста на Република Македонија и 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Јапонија. На настанот се обратија амбасадорот Андријана Цветковиќ, парламентарниот заменик министер за надворешни работи на Јапонија, Манабу Хории и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом и член на јапонско-македонската група за пријателство во јапонскиот Диет, Јасухиде Накајама.

На 22 ноември, во Палатата Котрочени во Букурешт, новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Романија, Габриел Атанасов, ги предаде акредитивните писма на претседателот на Романија, Клаус Вернер Јоханис.

 

Амбасадата на РМ во Прага по шести пат учествуваше на традиционалниот Божиќен Фестивал, организиран и координиран од страна на Дипломатската асоцијација на брачни другари во Прага.  Средствата собрани од продажба од страна на Асоцијацијата се донираат во хуманитарни цели. Од 2000 година, Асоцијацијата има собрано повеќе од 2,5 милиони евра, со што се вбројуваат меѓу водечките локални донатори. Оваа година на настанот учествува повеќе од 40 земји, кој беше под покровителство на сопругата на Министерот за надворешни работи.

По повод турнејата на Македонската филхармонија во Кралството Шпанија и одржаните два концерти во градовите Сарагоса и Хуеска, во Мадрид, во организација на Амбасадата на Република Македонија, беше одржан свечен коктел во чест на македонските музичари.

 

На 12 септември 2018 година новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Полска Васил Пановски на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Република Полска Анджеј Дуда.

 

Вчера, новоименуваниот амбасадор на РМ во Норвешка, Серџим Мухамед, во Кралската палата во Осло имаше аудиенција кај Н.В. Кралот Харалд V, на која ги предаде акредитивните писма од Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, за неговото назначување за вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Норвешка со седиште во Осло.