Македонија во светот

Македонија во светот

Македонската мрежа на ментори во соработка со Министерството за Надворешни работи и Амбасадата на РМ во Варшава, во периодот меѓу 28 јуни до 1 јули, 2017 г. во Варшава, Полска, реализира прв македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи.

На 30 јуни во рамките на 4-тиот Медитерански културен фестивал во Костур, се одржа Балканска музичка вечер, на која беше претставен македонски и грчки традиционален мелос.


На 22 јуни беше инаугуриран првиот чартер лет со полски туристи на релација Катовице-Охрид во рамки на првата целосна туристичка понуда за Македонија на полскиот туроператор РЕГО-Бис. Настанот се одржа на Аеродромот во Катовице, каде на покана на туроператорот на свеченоста присуствуваше и се обрати вршителот на работи во Амбасадата Горица Атанасова Ѓоревска.

На 20 јуни 2017 година во Виенскиот меѓународен центар се одржа настан на кој од страна на амбасадорите и др високи претставници на ООН и ОБСЕ, беше промовирана иницијативата “International Gender Champions – Vienna.” Настанот беше во организација на постојаните мисии на Коста Рика, САД и Словенија.

Република Македонија, и оваа година, учествуваше, со свој штанд и одделни поетски читања на меѓународниот Саем на книгата во Солун.  Имено, во организација на Генералниот Конзулат, од 11-14 мај, беa претставени стотина наслови на дела од современата македонска проза и поезија, како и драмски сценарија,  публицистички погледи и други текстови.

Во Амбасадата на Република Македонија во Париз, на 11 мај, се одржа Македонска вечер организарана од Националниот Институт за ориентални јазици и цивилизации ИНАЛКО во Париз и Амбасадата.

Хорот ,,Мелодиум“, под диригентска палка на Марина Коруновска настапи на Меѓународниот фестивал на мјузикли на 22-23 април 2017. во Солун, во организација на Генералниот конзулат. Фестивалот, што се одржува седма година по ред под покровителство на грчкото Министерство за култура е уникатен културен настан, прифатен од хористите од целиот свет. Од неговото основање, посветен е на промоција на мир, пријателство, братство, соработка и солидарност меѓу народите. 

На 8. април 2017 година, во Амбасадата на Република Македонија во Варшава беше организиран прием во чест на познатиот македонски пијанист Симон Трпчески. На приемот, вршителот на работи Горица Атанасова Ѓоревска пред присутните го претстави македонскиот пијанист со светско реноме и говореше за неговите постигнувања, настапи и неговиот придонес кон промоцијата на македонската култура воопшто. 

Долгометражниот филм ,,Лазар“ на Светозар Ристовски и краткометражниот ,,Незрели цреши“ на Небојша Јовановиќ на 6 април 2017 година премиерно се претставија пред солунската публика, предизвикувајќи позитивни реакции.

Република Македонија успешно се претстави на 20-от јубилеен Мостарски саем во чиј рамки беше организиран саемот „Вино и земјоделски производи од земјите членки на иницијативата 16+1“. Македонското квалитетно флаширано вино, јагнешко месо, традиционално овчо сирење, домашен ајвар, лутеница,малиџано, се дел од македонските производи кои се дегустираа на националниот промотивен штанд во Мостар, Република Босна и Херцеговина во рамки на Мостарскиот саем што се одржува од 4 до 8 април 2017 година.

Конзуларни услуги