Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

На 23.04.2015 година, амбасадорот Тони Димовски, на свечена церемонија во резиденцијата „Ридо Хол“во Отава официјално ги предаде акредитивните писма на Н.Е. Дејвид Џонстон, генералниот гувернер и врховен командант на Канада.

 

На 24.04.2015 год. амбасадорот Сашо Марковски, на свечена церемонија во претседателската палата Белви во Берлин, официјално ги предаде акредитивните писма на претседателот на Сојузна Република Германија, Јоаким Гаук. Церемонијата воедно опфати и поздрав од воената гарда како и подигнување на македонското знаме заедно со знамињата на СРГ и ЕУ.

На 23 април 2015 година, амбасадорката во ДКП Стокхолм Наќева Ружин одржа предавање за Македонија пред алумните на Извршната МБА програма при Универзитетот во Стокхолм. 

 

Триесет студенти од Американскио Универзитет во Брисел го посетија Министерството за надворешни работи на Република Македонија на 8 април 2015 година.

 

На 26 март 2015 година амбасадорката на ДКП Стокхолм Наќева Ружин одржа презентација за Македонија пред членовите на Stockholm International Rotary Club, во присуство на бројни останати гости од шведските институции, бизнис секторот, Универзитетот од Стокхолм и претставници од туристичкиот сектор во Шведска. 

 

На 17февруари 2015година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа завршен разговор на Амбасадорот Гоце Карајанов, пред неговото упатување на должноста Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација кој го водеше ЗМНР Кипријановска.

Македонија е опишана во последниот број на престижното француско списание “Gala” од 11 март 2015 г. со следниве зборови: Фантастични планини, манистири во висините, егзотични градови. Сеуште непозната, оваа земја ситуирана во Јужна Европа нуди “букет од разни вкусови. Вистинско откривање на помалку од три часа лет .

На покана на универзитет “Webster” и австро-американското друштво од Виена, Австрија, амбасадорот Кире Илиоски одржа предавање на тема “Регионалната соработка како предуслов за интеграција во ЕУ и НАТО.” Предавањето беше одржано во рамките на годишната серија предавања од страна на истакнати предавачи која престижниот универзитет “Webster” по седми пат ја организира во соработка со австро-американското друштво од Виена, Австрија. Пред присутниот аудиториум составен од претставници на дипломатскиот кор, австриските институции, економската заедница, меѓународните организации, академијата и научните институти, амбасадорот Илиоски ја елаборираше важностаипотребата од интензивна политичкаиекономска соработка меѓу државите од нашиот регион, како приоритетна област во рамките на евро-атлантските процеси.

Престижниот “Њујорк Тајмс“ ја  препорача Македонија како десетта дестинација од листа на 52 земји кои треба да се посетат во 2015 година.

 

 

Конзуларни услуги