Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

Почитуван г. Претседавач,

Ги земаме предвид забелешките направени денес во поглед на политичкиот развој во Република Македонија. Во тој контекст дозволете ми да ве известам за следното:

По повод 10 годишнината од обновата на независноста на Црна Гора, на 21 мај 2016 година, заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска учествуваше на свечена прослава во Подгорица, каде покрај домаќинот, Претседателот на Владата на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, пред присутните гости на Плоштадот на независноста се обрати и претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск.

Република Македонија преку Генералниот конзулат во Солун учествуваше на 13-от Меѓународeн саем на книгата, што се одржа од 12 до 15 мај 2016 година во Солун, во чии рамки беше промовирано современото книжевно творештво и културно наследство на нашата држава, преку избрана продукција на белетристички, монографски, научни и репрезентативни изданија. Беа презентирани преводи од македонски на англиски јазик, реализирани преку конкурсот на Министерството за култура, како и публикации на Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ и издавачката куќа „Магор“. 

На 10 и 11 мај 2016 година во Бар, се одржа Вториот состанок на Заедничкиот комитет во рамки на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора во контекст на процесот на пристапување во Европската Унија. 

 

На 3 мај 2016 година, амбасадорот на Република Македонија во Република Турција д-р Звонко Муцунски во претседателската палата во Баштепе во Анкара ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

 

Постојаниот претставник на Република Македонија при ОБСЕ, ОН и останатите меѓународни организации со седиште во Виена, амбасадорот Кире Илиоски ја предводи македонската Делегација на специјалната сесија на Генералното собрание на ОН за проблемот со дрогата што во периодот од 19 до 21 април 2016 година се одржува во Њујорк.

На 7 април 2016 година во Амбасадата на Република Македонија во Париз беше отворена изложба на дела од Mеѓународната ликовна колонија„ „Куманово” во присуство на директорката на музејот во Куманово, Анита Цветановска и претставникот од Министерството за култура, Ирина Кроткова.

Новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Словачката Република со седиште во Виена, проф. д-р Василка Попоска Треневска на 05 април 2016 ги предаде акредитивните писма на претседателот на Словачката Република, Н.Е. Андреј Киска.

 

На 3 април 2016 година, делегација преводена од претставници на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Република Македонија во Варшава свечено ја отворија изложбата “Депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка – 1943“во музејот во Треблинка.

Секоја година, на 20 март, франкофоните од целиот свет го прославуваат меѓународниот ден на Франкофонијата. Пораката која ја упати Генералниот секретар на Франкофонијата, Микаел Жан, во оваа прилика, а која Република Македонија ја поддржува е следната: Силната врска која ние франкофоните ја манифестираме оваа година има симболична димензија и посебно значење. Голем број на земји од франкофонскиот простор, како и други, веќе неколку месеци се погодени во нивното срце со кукавички сурови напади извршени во име на една идеологија на омраза. Да ја искористиме приликата на одбележување на денот на Франкофонијата и да му дадеме смисла на францускиот јазик како еден јазик на отпорот преку моќта на неговите зборови кои не соединуваат.

Конзуларни услуги