Македонија во светот

Македонија во светот

Македонски вина од повеќе винарии во комбинација со кашкавали беа промовирани од 26 до 29 февруари 2016 година во Солун.
Република Македонија, преку павилјонот на Генералниот конзулат учествуваше во тематската секција ,,Вино и сирења“ во рамките на меѓународниот саем за храна ,,Детроп“.

На 26 февруари 2016 година по повод 12 годишнината од авионската несреќа во која загина ППРМ Борис Трајковски и членовите на делегацијата пред спомен – обележјето кај Матича Брда, Ротимље, општина Столац кај Мостар беше одадена почит за загинатите. 

 

На 20 февруари 2016 година амбасадорот на Република Македонија во Казахстан Илија Псалтиров одржа серија предавања на различни теми на Назарбаев универзитетот во Астана, во рамки на Денот за развој на лидери, проект организиран од меѓународната студентската организација AIESEC.

 

Информативна економска работилница посветена на Република Македонија се одржа на 19 февруари 2016 година во Париз во Business France- агенцијата посветена на промоција на француската економија во земјата и странство.

 

Амбасадата на Република Македонија во Астана, Република Казакстан известува дека Универзитетот КИМЕП во Алмати, Р. Казакстан за кандидати од Република Македонија за академската 2016/2017 година доделува 10 целосни стипендии ( 5 стипендии за додипломски (редовни) студии и 5 стипендии за магистерски студии).

 На 12 јануари по повод осум годишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ, во Кампот Бутмир-Сараево беше одадена почит за загинатите. По тој повод на спомен обележјето, венци со свежо цвеќе положија претставникот на Амбасадата на Република Македонија, А.Крстевски генерал мајор Ј. Луиф, командант на ЕУФОР во БиХ, мајор на Армијата на РМ, И.Никчевски, претставници на Армијата на САД и претставник од Здружението на Македонците во Сараево.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска, денес во Мостар, учествуваше на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, во рамки на босанското претседавање со Повелбата.

 

Амбасадата на Република Македонија во Загреб и оваа година учествуваше на традиционалниот Божиќниот саем во Загреб. Настанот кој имаше хуманитарен карактер се одржа на Загрепскиот велесаем на 6 декември 2015 година, во организација на Интернационалниот клуб на жени – Загреб и беше официјално отворен од страна на градоначалникот на град Загреб, Милан Бандиќ.

На 6 декември 2015 година во хотелот „Радисон“ во Астана, во организација на АСА –Асоцијација на сопружниците на амбасадорите во Астана се одржа осмиот по ред божиќен хуманитарен базар.

 

Амбасадата на Република Македонија во Сараево учествуваше на 9-от дипломатски хуманитарен базар организиран од здружението на сопружници на шефовите на мисии, што се одржа во салата „Мирза Делибашиќ“ во спорскиот комплекс Скендерија на 5 декември 2015 година.

 

Конзуларни услуги