Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска, денес во Мостар, учествуваше на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, во рамки на босанското претседавање со Повелбата.

 

Амбасадата на Република Македонија во Загреб и оваа година учествуваше на традиционалниот Божиќниот саем во Загреб. Настанот кој имаше хуманитарен карактер се одржа на Загрепскиот велесаем на 6 декември 2015 година, во организација на Интернационалниот клуб на жени – Загреб и беше официјално отворен од страна на градоначалникот на град Загреб, Милан Бандиќ.

На 6 декември 2015 година во хотелот „Радисон“ во Астана, во организација на АСА –Асоцијација на сопружниците на амбасадорите во Астана се одржа осмиот по ред божиќен хуманитарен базар.

 

Амбасадата на Република Македонија во Сараево учествуваше на 9-от дипломатски хуманитарен базар организиран од здружението на сопружници на шефовите на мисии, што се одржа во салата „Мирза Делибашиќ“ во спорскиот комплекс Скендерија на 5 декември 2015 година.

 

Настанот „Денови на Македонска култура“ на 4 и 5 декември 2015 година се одржа во Бјалисток, во регионот Подласки, кој е еден од 16-те региони во Република Полска. Настанот го отвори Директорот на Филхармонијата и Операта во Бјалисток г-дин Дамијан Танајевски. Поздравно обраќање имаше и член на бордот на регионот Подласки г-дин Стефан Крајевски и Вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Полска, г-ѓа Горица Атанасова-Ѓоревска. 

На иницијатива на амбасадорот на Република Македонија во Астана, Илија Псалтиров, а во организација на македонската амбасада, универзитетот КАЗГУ, Научниот центарот за трансфузиологија и Управата за поддршка на дипломтаскиот кор при МНР на РК, на 2 декември 2015 година во рамки на  универзитетот КАЗГУ во Астана се одржа прва крводарителска акција по повод Денот на борбата против ХИВ и Денот на Првиот претседател на Казакстан.

На 01 декември 2015 година во просториите на Универзитетот на Обединетите Нации во Токио Амбасадорот на Република Македонија во Токио Д-р Андријана Цветковиќ одржа предавање на тема „Амбасадори на иднината-јавната дипломатија како алатка за глобални промени“.

 

Тимот на македонската амбасада во Стокхолм го поддржа Активизмот за борба против родовото насилство - меѓународна кампања на ОН за подигање на свеста и поттикнување акција за ставање крај на насилството врз жени и девојки на глобално ниво. Кампањата се одржува секоја година во тек на 16 дена во периодот од 25 ноември - Меѓународниот ден за искоренување на насилството врз жените и 10 декември - Меѓународен ден на човековите права.

Амбасадата на Република Македонија во Варшава учествуваше на 8-от меѓународен хуманитарен базар организиран од SHOM - здружението на сопружници на шефовите на мисии, што се одржа во хотел Мариот на 29 ноември 2015 година.

 

На иницијатива на Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и во соработка со Државниот архив и Воениот музеј на Македонија на 25 ноември 2015 година во Воениот музеј во Стокхолм, беше отворена изложбата „Македонија и Првата светска војна“. Изложбата е дел од циклусот изложби во Воениот музеј во Стокхолм за одбележување на 100 годишнината од почетокот на ПСВ, во чии рамки досега беа претставени Австрија, Русија, Холандија, Србија и Арменија. 

Конзуларни услуги