Светот во Северна Македонија

Светот во Северна Македонија

Aмбасадорот на Монголија во Република Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. г-динот Лхамсурен Дугерџав, денес свечено го отвори Почесниот конзулат на Монголија во Република Македонија.

 

На 13 мај, ЗМНР Кипријановска учествуваше на Конференцијата насловена “Building a Cyber Resilient Society in SEE”, која во организација на Центарот за безбедносна соработка RACVIAC од Загреб и Воената академија „ Генерал Михаило Апостолски“ се оддржа во Охрид.

 

Заменик министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска, денес го прими извшниот директор на невладината организација Фонд Солидарност Полска, Кжиштоф Становски, поранешен државен потсекретар во полското Министерство за надворешни работи, надлежен за развојна помош и соработка.

На покана на Амбасадорот на Словачка во Република Македонија, министерот Попоски утрово беше гостин на работен појадок со амбасадорите на Чешка, Полска и Унгарија, што традиционално се организира од актуелниот претседавач со Вишеградската група.

 

Денес, 27 февруари 2015 година, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенце, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Унгарија за зајакнување на експертската соработка во областа на евроинтеграциите.
 

Климатски предизвик со наслов ‘Твојот град. Од тебе зависи’e отворен за сите граѓани на Македонија. Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД),

На покана на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, екипа од Министерството за надворешни работи (МНР) учествуваше на годишниот Турнир во куглање кој се одржа на 11 февруари 2015 година во кугланата во Сити Мол.
 

Во четврток, на 05 февруари 2015 год, беше промовиран првиот Словачко-Македонски речник. На промоцијата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак посочија дека лексикографскиот труд ќе ги продлабочи културните врски меѓу двата народа, ќе поттикне и ќе инспирира соработка и комуникација.

Конзуларни услуги