Најнови вести

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија,  г-дин Зоран Попов,  денеска го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар  во Република Северна Македонија, г-дин Хамад Џасим Ал- Махмуд.

 

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на панелот на тема „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ во рамки на Светскиот економски форум, што се одржува од 21-24 јануари во Давос, Швајцарија.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов ја претставуваше Република Северна Македонија на првиот министерски состанок на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА), што се одржа на 19 јануари 2020 во Брисел, во организација на Луксембуршкото претседателство со ИХРА. Северна Македонија неодамна се стекна со статус на придружена членка на Меѓународната алијанса, во која учествуваат 34 земји членки и 8 партнерски организации.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Попов, денеска го прими амбасадорот на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со Оливер Вархеји, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, кој се наоѓа во прва официјална посета на Република Северна Македонија, што воедно претставува и негова прва посета во странство по стапувањето на функцијата.

 

Денес министерот за надворешни работи Никола Димитров ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на  Кралството Норвешка во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Јорн Јелстад.

 

Најостро ги осудуваме иранските ракетни напади врз американските и коалициските воени бази во Ирак. Сметаме дека ваквите неприфатливи постапки дополнително ги зајакнуваат тензиите и го зголемуваат ризикот од воен судир од пошироки размери.

 

МНР со загриженост ги следи состојбите предизвикани од големата огнена стихија во Австралија, изразувајќи солидарност со Владата и со граѓаните на оваа пријателска земја, како и надеж за брзо ставање на пожарите под контрола и враќање на животот во нормалните текови. 

 

Во контекст на најновите настани во Ирак и зголемената можност од ескалација на насилствата, МНР им советува на граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во оваа земја како и да се воздржат од патување во Иран. 

Денес министерот за надворешни работи Никола Димитров се обрати на настан организиран од страна на амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија, по повод одбележување на 25 годишнината од денот на воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји.

 

Конзуларни услуги