Најнови вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски е во официјална посета на Република Албанија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари средба со извршниот потпретседател на Светскиот Еврејски Конгрес, Роберт Сингер.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беше домаќин на неформална дискусија, во рамки на Иницијативата „Младите генерации за Новиот Балкан 2030: Кон Алтернативни Хоризонти“, предводена од Меѓународниот институт за мир, Австрискиот институт за меѓународни односи, Др. Карл Реннер Институт, Адмовере и Фондација Фридрих Еберт, Канцеларија Приштина.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за Ерусалим и за заштита на животната средина на Државата Израел, Зеев Елкин, кој престојува во Република Северна Македонија по повод одбележувањето на 76 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи.

Денес, министерот за надворешни работи, Никола Димитров,  оствари средба со Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните претседателски избори, Корнелија Јонкер.

 

Средба на МНР Димитров со амбасадорот Жорж Сантер, претседавач со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА.

 

На 11 март 2019  година, заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Јазбец.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во името на Владата на Република Северна Македонија, денес положи цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи кои во 1943 година беа присилно собрани во просториите на тогашниот Монопол и беа испратени во логорот на смртта Треблинка.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, кој престојува во работна посета на Канада, покрај средбите во канадското Министерство за надворешни работи оствари средби и разговори со Брајан Меј, пратеник во Долниот Дом и претседавач на Интерпарламентарната група за пријателство со нашата земја во Канадскиот парламент, како и со претседателот и потпретседателот на НАТО асоцијацијата на Канада, Роберт Беинс и Мајкл Ворд.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска, оствари средба  со алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, која вчера и денес престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

 

Конзуларни услуги