Најнови вести

По повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Државата Израел, минатата недела во Охрид, Битола и во Скопје се организираа повеќе културни настани, изложби, видео проекции и театарски претстави.

 

Интервју на Амбасадорката на Република Македонија во Австрија , Василка Попоска- Тренеска за престижниот австриски магазин “Society”.

 

На иницијатива и во организација на македонската Амбасадата во Романија на Меѓународниот натпревар за вино во Букурешт 2015 (International Wine Contest Bucharest2015)  што се одржа од 21 до 24 мај 2015, учествуваа шест винарии од Република Македонија со 15 врвни вина. Пет од нив, винарите „Бовин“, „Тиквеш“, „Камник“, „Попова Кула“ и „Сопот“, освоија шест златни и три сребрени медали, во конкуренција на винарии од 27 земји од сите континенти и оценувани околу 1000 примероци вино.

 

На 29-ти и 30-ти мај 2015 година, ЗМНР Кипријановска учествуваше на Меѓународна конференција на Универзитетот „Есекс“ насловена „Implementation of Human Rights Law into national legal system", која се оддржа во Есекс, Обединетето Кралство.

Во организација на Казакстанско-Македонската Асоцијација, формирана по иницијатива на амбасадорот Илија Псалтиров, а под покровителство на Амбасадата на Република Македонија, на 15 мај 2015 година на Универзитетот Туран во Алмати, Казакстан,  се одржа првиот форум на кој беа претставени бизнис можностите во Република Македонија.

На 27 мај 2015 година во Брисел, Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го прогласи Македонецот Даниел Михајловски како еден од идните 14 светски млади лидери, што претставува невиден успех за него, имајќи во предвид дека дваесет и тригодишниот Михајловски уште како дете е останат без родители и е израснат во СОС Детско село.

Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм во соработка со Македонскиот сојуз, симболично на денот на одбележување на Св. Кирил и Методиј, организираше поетско читање и прием по повод 25-годишниот јубилеј на културната манифестација - Денови на македонската поезија во Шведска. На манифестацијата присуствуваа гости од македонската дијаспора, шведските културни институции и шведската поширока јавност.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги информира граѓаните, туристичките организации и тур-операторите дека политичката состојба во Република Македонија е стабилна, а безбедноста на сите граѓани и посетители гарантирана.  Сите тековни настани што се случуваат во Република Македонија се одвиваат непречено, во постојан мир и не се закана за дестабилизација на општеството, како во национални, така и во регионални и глобални рамки.

На 23.04.2015 година, амбасадорот Тони Димовски, на свечена церемонија во резиденцијата „Ридо Хол“во Отава официјално ги предаде акредитивните писма на Н.Е. Дејвид Џонстон, генералниот гувернер и врховен командант на Канада.

 

На 24.04.2015 год. амбасадорот Сашо Марковски, на свечена церемонија во претседателската палата Белви во Берлин, официјално ги предаде акредитивните писма на претседателот на Сојузна Република Германија, Јоаким Гаук. Церемонијата воедно опфати и поздрав од воената гарда како и подигнување на македонското знаме заедно со знамињата на СРГ и ЕУ.

Конзуларни услуги