Најнови вести

Македонија е доследна на обврските за мирен Афганистан.

Сакаме да бидеме дел од семејство каде сме доследни на обврските.

Никола Попоски

Разговори со ЕК за логичен напредок кон македонско членство кон ЕУ:

1. Првата фаза на ПДВН доведе до конкретни резултати по секое поглавие (донесени закони и понудени решенија).

2. Во новиот ПДВН циклус би се посветиле посебно на спроведување на нашата стратегија во областите кои се одлучувачки за ЕУ членство: добрососедство и владеење на правото.


Никола Попоски

Интересот на ЕУ е ист од Берлин до Скопје:

Повеќе предвидливост за раст. Тие што најмногу добиле од ЕУ, се најодговорни.

Никола Попоски

Интересот на ЕУ е ист од Берлин до Скопје:

Повеќе предвидливост за раст. Тие што најмногу добиле од ЕУ, се најодговорни.


Никола Попоски

ЦЕРН:

Ништо поинтересно и попредизвикувачко за човековиот разум од темите кои тука се третираат: од што и како започнува човештвото? Теорија и пракса во непрекината трка.

Бесценета е важноста на овие истражувачи за напредокот во иднината. Тука разбираме најдобро дека сме сите исти!

Со неизмерна почит за нивната работа.


Никола Попоски
Женева 04 март 2014 слика

ПСЈИЕ, Букурешт:

Визијата од македонското претседавање со ПСЈИЕ веќе се остварува: Охридската декларација и работната ad hoc група се во функција на евроинтегрирање и економски раст во регионот.

ЕУ фондовите ни се најпотребни за инфраструктура меѓу членки и кандидати. Тоа е практично интегрирање.


Никола Попоски

Брисел:

Заеднички заклучок е дека е неопходно превентивно дејствување и одлучност за надминување на предизвиците во соседството на ЕУ. Очекувањата од Европа се големи.

Истото е неопходно и во поглед на земји членки кои можат да имаат удел во подигнувањето на кредибилитетот и забрзување на процесот на проширување.

Неопходно е да се види европскиот интерес, а да се одбегне одлагањето на одлуки по инерција. Доволно лекции се научени од ова поглавје и можеби е време да се примени визионерски пристап.

Тоа најмногу го очекуваме од тековното ЕУ претседателство.

Во 2003 во Солун е дадена извесност за европска иднина на Балканот. Европските избори и очигледниот притисок на радикалните опции мора да биде мотив повеќе за повеќе Европа.


Никола Попоски

Парламентарен МНР на Јапонија на посета во Македонија.


За одбележување:
По 20 години дипломатски односи, за првпат упатуваме македонски амбасадор во Токио.


Никола Попоски

"Дискусија со Даниелсон за приоритети во европските реформи:

ПДВН е доста корисен за да се посветиме на најбитните области;
Владеењето на правото е прв приоритет за ЕУ и за одржлив економски развој;
Довербата со соседите треба да ја градиме заедно."


Никола Попоски

Минхен:
Се согласуваме во потполност со Herman Van Rompuy дека ерата на twitter во Европа ни носи ризик да го потцениме факторот време!
Часовите и деновите ни стануваат побитни, годините и децениите не се гледаат.

На наш терен:
Политичари на една земја-членка ова умешно го користат. По потреба прават "twitter впечаток" на интерес и отвореност за надминување на измислен спор.
Практично со години и децении го држат под тепих, без придвижување, обложувајќи се дека добиваат нешто на многу долг рок.

Мислам дека можеме од ова и подобро да сториме.

Сакаме искрено да им помогнеме да излезат од таа матрица.


Никола Попоски

Конзуларни услуги