Најнови вести

За кандидатите е значајно да имаат учество покрај во спроведувањето и во формирањето на надворешно-политичките позиции на ЕУ.
Се разбира дека е доволно компликувано и со 28.
но подготвеноста на земја кандидат не се мери во број на позиции кон кои се приклучила, туку во капацитетот да гради позиции.

Никола Попоски

Средба на министерот Попоски со европарламентарци во Брисел

Заклучок на европарламентарците е дека е добредојден дијалог во македонското Собранието и почит кон националните институции за да се отстранат изговорите кои ги користат кочничарите на македонските евроинтеграции.

Никола Попоски

Македонија препорачана како десетта најпривлечна дестинација за посетувањe во свет од реномираниот New York Times.
http://www.nytimes.com/interactive/2015/01/11/travel/52-places-to-go-in-2015.html?_r=0

 

Никола Попоски

Корисен потсетник: 

Интегрирањето во ЕУ пред 10-тина години и денес е многу различна работа.
Целта е сепак иста.
Да сме опремени со трпение и да работиме најмногу таму каде не зависиме од расположение или интереси врз кои не можеме да имаме влијание.

Никола Попоски

Самит на Франкофонија во Дакар, Сенегал

Форум со одлична можност за промовирање на главните столбови на долгорочната македонска надворешна политика:

1.    Меѓународен поредок темелен на основа на човекови права и демократски принципи
2.    Отворена економска соработка и развој

Франкофонијата нуди можност за отворање на долг рок кон африканските земји со оглед на тоа што се работи за континент со најголем економски и демографски потенцијал во следната деценија.

Никола Попоски

Шеста Министерска конференција за Југоисточна Европа на Институтот “Аспен“

Германија и Британија сакаат да помогнат за обединет Балкан во ЕУ.

Според учесниците во Берлин, Балканот изгледа подобро денес отколку пред десетина години. Има реална интеграција помеѓу земјите и приближување кон ЕУ.

Не треба да сме наивни дека работата е завршена, бидејќи:

1. Ќе се очекуваат повеќе реформи од порано.

2. Ќе има радикали кои ќе си бараат простор за радикални агенди.

3. Ќе има отпор во јавното мнение во ЕУ.

4. Ќе има обесхрабрени кандидати за членство.

Сето ова ќе треба да се надминува во следните неколку години.

Никола Попоски

Братислава, Вишеградска група и WB6, поенти:

- Вишеградските земји сакаат партнерски односи со Балканските, не проповеднички. Треба тоа искрено да го цениме.

- Доколку бевме идеални земји, немаше воопшто да ни треба членство во ЕУ. Но, не сме.

- Во ЕУ имаме најдобри можности за развој.


Никола Попоски

Во ноември, во Берлин, заедно со германскиот и британскиот колега Штајнмаер и Хамонд ќе разговараме за нашиот регион. Средбата ќе биде на линија со Берлинската и најавената Виенска конференција догодина. Посебно внимание ќе посветиме на поттик на економиите, прекуграничната инфраструктура и евроинтеграциите.

За нас е многу битен покажаниот германско-британски интерес за иднината на југо-источна Европа.

Никола Попоски

Чешко-македонските односи се на одлично ниво.

Посветени сме најмногу да ја издигнеме соработката за бизниси и инвестиции, но и во образование, здравство и култура.

Чешка воедно е и силен поддржувач на интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Значаен им е кредибилитетот на интеграциите, кој во Македонија е сериозно нарушен со непринципиелните блокади.

 

Никола Попоски

Македонско-Грчки односи

“Планините си стојат околу наметнатиот спор. Бараме околу нив клисури за соработка. Права и сила, не секогаш одат заедно. Во македонско-грчките односи тие се судруваат“.

“Но постојат и заеднички интереси за проекти и соработка кои ќе ни помогнат да напредуваме и да ја премостуваме големата недоверба која постои меѓу нас. Тоа и одговара на Грција, за да одврати внимание од штетата што ни ја нанесува со блокадите, економската и политичката. Тоа е помалку штетно и за Македонија, отколку алтернативата да немаме никакви допирни полиња со југот. ”

“Во однос на процесот во ОН, резултатот зависи исклучиво од посветеноста и интересот на тој што го наметнал и оној на кого е наметнат спорот. Во тој момент, никој нема дилема дали соседите на југот се посветени на решение. Да не говориме пак, колку размислуваат на меѓународното право и поредокот.”


Никола Попоски

Конзуларни услуги